„Хобсоновиот избор“ најверојатно е поврзан со извесен Томас Хобсон (1544-1631), трговец со коњи. Неговата понуда на потенцијалните купувачи се состоела од следново - или земи го животното кое стои најблиску до вратата од шталата, или ич не купувај.
Бројот на коњи во шталата на Хобсон обично изнесувал 40. Ова создавало впечаток дека муштериите би имале прилично добар избор кога би сакале да купат коњ од него. Но неговиот принцип бил строг, и практично овозможувал купување само на еден коњ, или на ниту еден. Оваа стратегија ја смислил за да не му бидат секогаш продавани најдобрите примероци, што би значело дека останатите би му стоеле непродадени и одгледувани на негов трошок, плус оние кои служеле за работа, а не биле баш физички најспремни, би биле многу пооптоварени. Местото на шталата била на локацијата на денешниот колеџ Св. Катерина во Кембриџ.
Прва регистрирана употреба на фразата во книжевноста е од 1660, во книга напишала од Семјуел Фишер под наслов The Rustick's Alarm to the Rabbies, каде таа веќе е наведена како позната поговорка:
„Во овој случај не може да се стори ништо друго освен (како што вели поговорката) да се има Хобсонов избор...што значи да се одбере дали ќе го земеш ова, или ништо.“
Современата употреба на овој израз најчесто означува илузија на избор, но е различно од изборот помеѓу две еквивалентни опции (што се нарекува „Мортоновата вилушка“). Додуша ова со илузијата на избор во политичка смисла е одамна регистрирано како феномен, и тоа од страна на филозофот Џон Стујарт Мил, кој напишал:
„Кога поединците од мнозинството веќе не би биле сведени на тоа дали да гласаат за личност промовирана од нивните локални лидери, или да не гласаат, ете тоа би било победа над Хобсоновиот избор“.