Станко бил една од клучните фигури на европскиот авангарден џез од средината на шеесетите на минатиот век. Роден во 1942 во Решов, Полска, тој како и голем број други негови сограѓани прв пат се сретнал со џезот преку радио програмата Гласот на Америка. Во 1958 го слушнал Дејв Брубек при неговата турнеја спонзорирана од Стејт департментот, а како што изјавил во 2006 за Њујорк Тајмс, пораката на тој концерт била слободата.
Наскоро почнал и самиот да се заминава професионално со музика, а неговата труба од бројни критичари е споредувана со медитативниот звук на Мајлс Дејвис. Најпознат е по прекрасните албуми кои ги има снимено за етикетата ЕСМ, како и соработките со Дејв Холанд, Лестер Боуви, Ману Каче и како дел од биг бендот на Сесил Тејлор. Во последно време свиреше во придружба на млади американски музичари, кои ги нарече негов Њујоршки квартет.
Токму со овој квартет во 2013 го сними и албумот „Вислава“, инспириран од стиховите на големата Вислава Шимборска. Помеѓу 12-те композиции на албумот е и онаа под наслов „Метафизика“, според нејзината истоимена песна. Еве ја во живо, на концерт во Лозана
Претходно: Интервју со тетка Вислава