„Како да почнеш да пишуваш (а потоа да престанеш)“, е нова збирка колумни кои нобеловката Шимборска ја пишувала за полско списание цели 21 година. Англиското издание се очекува да излезе на 5 октомври, а ќе биде илустрирано со нејзини цртежи и колажи.
Томаш Станко, полски трубач и композитор, почина на 76 годишна возраст по исклучително богата кариера. Меѓу другото во џез ги преточи и стиховите на неговата сограѓанка, Вислава Шимборска.
По повод излегување на нов, обемен избор од нејзината поезија на англиски, кој ги вклучува и сите постхумно објавени песни, интервју со Шимборска од 1996, непосредно по добивањето на Нобеловата.
Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.