Блек мирор, и покрај повремените падови на квалитетот, сè уште ја сметаме за социо-културно најважната серија во моментов. Нејзините дистописки приказни полека почнуваат да стануваат реалност, и веројатно, кога сите ќе се остварат, ќе можеме да речеме - ова е Блек мирор вистинска. Се разбира ако бидеме уште тука кога ќе се случи истото.
Рекламирана како „усна историја“ на 19-те епизоди на Блек Мирор, од „Државна химна“ до „Црниот музеј“, книгата од 320 страници содржи белешки и тривија од креаторите на серијата Брукер и Џоунс, како и на различни членови на екипата и креативниот тим.
Првобитниот план беше серијата да се прелее на хартија во поинаква форма, односно во нови романи од различни автори (нешто што го најавивме пред повеќе од една година), а кои само бегло би биле инспирирани од филмуваниот материјал. Сега тие се одложени на неодредено време.
Само за посветените фанови на БМ, тука 50 до сега непознати детали од содржината и снимањето, вклучени во книгата, или час и пол разговор со авторите организиран од Гардијан по повод излегувањето на книгата кој беше пренесуван во живо вчера (1.11).
Петата сезона на БМ се планира за 2019.