- Семејството на Дејвид Линч денес, 16.1., ја сподели веста за неговата смрт на 78-годишна возраст. Во 2024 тој сопшти дека веќе нема да го напушта домот, откако беше дијагностициран со емфиземa.
- Линч почнал да прави филмови како студент на Американскиот филмски институт во ЛА. Неговиот прв филм од 1977 е црно-белиот надреален хорор Eraserhead, за татко кому му е доделено на чување болно бебе кое едвај личи на човек. Тој најпрвин добива мешани критики, но потоа станува хит во арт кината.
- Пробивот се случува со „Синиот сомот“ од 1986, целосен израз на неговата имагинација. Отсечено уво среде пусто поле засекогаш ќе биде асоцијација на Линч. А за мешавината на мистерија и критика на американската малограѓанштина во „Твин Пикс“ и да не зборуваме. Серијата ја трансформираше телевизијата како медиум за раскажување комплексни и кинематографски богати приказни, кои подоцна ќе влијаат врз серии како „Мед мен“, „Сопранови“ и „Сикс фит андер“.
- Низ годините Линч често зборуваше за посветеноста на трансценденталната медитација. Во 2005 формираше и фондација за подучување медитација за деца и возрасни. Правеше мебел и изложуваше слики во галерии низ светот.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.