- Штипскиот вљубеник во астрономија и воздухопловство Мики Трајчевски по цел ден талка по градот и собира храна, книги и весници. Потоа ги чита седнат на клупа во центарот на Штип или во своето отворено живеалиште покрај Брегалница.
- Летното живеалиште му се наоѓа под тврдината Исар, меѓу Брегалница и градското стрелиште, а зимското под големиот мост на реката, во близина на градскиот базен. Кревет му се картони и разни стари душеци што му ги даваат. Во последно време не е сам, негови состанари се десетина дабари*, кои се појавиле минатата година.
(* познавачите велат дека најверојатно се видри или нутрии, затоа што дабари во Македонија нема)
- Вели дека досега прочитал над 6.000 книги. „Опсесија ми се астрономијата и воздухопловството. Навечер кога легнувам на отворено, гледам во ѕвездите и така на мој начин воспоставувам контакт со нив“, вели тој.
- Трајчевски завршил средно образование во ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ во Штип, потоа се преселиле во Лесковац, од каде што потекнувал татко му, кој бил воен пилот. По неговата смрт, на Мики му помагале роднини и така се запишал на Електротехничкиот факултет во Загреб. Таму изучил неколку светски јазици, но по две завршени години ги прекинал студиите, зашто, како што вели, сакал да биде слободен како птица.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.