Ова се некои од зборовите во англискиот кои во оваа 2021 година полнат еден век.
Трка со оружје (Arms race)
Tрка помеѓу непријателски настроени нации за акумулирање или развивање оружја.
Иако делува како нешто поврзано со Студената војна, терминот се појавува многу порано, и тоа во комплет со „контрола на оружјето“ (arms control). Истата таа 1921 се појавила и иницијатива за законски ограничувања на развивањето и трупањето оружје, меѓу другото и во Американскиот конгрес. Тогашниот претседател Ворен Хардинг најпрвин давал отпор кон ваквите ограничувања но потоа свикал конференција на која била прифатена декларација за контролирањето на оружјето. Денес таа е позната како Вашингтонски договор од 1921, потпишан помеѓу САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија а во врска со поморското вооружување.
Комесар (Commissar)
Висок функционер на комунистичката партија кој подучува партиски принципи и политики за да обезбеди партиска лојалност; висок владин функционер во СССР до 1946
„Комесар“ влегол во англискиот во 1918 како ознака за раководител на владин оддел во Советскиот Сојуз а излегол од употреба во 1946, кога почнало да се користи „министер“. Сепак, во 1930-тите се користел и како збор за означување на личност која се обидува да го контролира јавното мислење, и како таков се среќава и денес, во погрдна смисла.
Пого (pogo)
Стапче со јак федер на дното и две пречки за нозете, со помош на кое човек (најчесто дете) може да се движи со скокање.
Во 1921 пого стапчето е брендирано како артефакт, но се појавуваат и информации за натпревари во овој „спорт“, како од весникот Американ Експортер од јануари 192 каде се известува за рекорд во качување шест скалила на едно качување, активност наречена „погоинг“.
Во 1970-тите Пого се поврзува со панк-рок сцената, на приемр со скокањето на концерти на Сид Вишс во публика.
Мачкино „мјау“
(Cat's meow)
Дефиницијата е „високо почитувана личност или предмет“. Како една ономатопеја за мјаукање влијаело врз тоа нешто да се толкува како почитувано не е јасно. Но дефинитивно е нешто што привлекува внимание. Со слично значење е термин од џез ерата, „мачешки пижами“, повторно за некој кој е сметан за исклучителна личност.
Хедшринкер (психијатар)
Во 1921 „хедшринкер“ е збор за идентификување членови на одредени племиња кои практикуваат смачкување на главите на своите непријатели. Модерниот „шринк“ прави нешто слично само (се надеваме) помалку брутално. Тие влегуваат во главата на пациентите и помагаат она што се смачкува и стеснува да бидат проблемите. Пократката форма shrink која денес се користи во неформална, хумористична и пежоративна смисла од 1990-тите.
Други зборови од 1921 тука