Читанка

„ФИНКЛЕРОВОТО ПРАШАЊЕ“ од Хауард Џејкобсон

- Зошто Евреинот го премотува порничот наназад?
- Му се допаѓа сцената кај што курвата ги враќа парите.

ОДБРАНИ ДЕЛА од Бранимир Џони Штулиќ

Роднините на кои им ги нарачав не беа свесни на што се нафаќаат. 14 парчиња, 7.000 страници, над 10 кила. Има нешто свечено во комплетите книги, вглавени во картонска кутија како тули во ѕид, секоја со (фројдовски) тврда корица, и хартија мека ко душа.

„Милијардата на дното" од Пол Колиер, гостин уредник: НОВИЦА НАКОВ

Целта на рубрикава е малку да се одмориме, ама и да 'освежиме' со области и книги во кои ептен не се разбираме.

100 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЛАВ НИКОЛАЕВИЧ ТОЛСТОЈ (20. ноември 1910, железничка станица Астапово)

Што ќе беше литературата без годишнини? Без нив класичните автори немаше да бидат реиздавани, немаше да бидат снимани нови филмови посветени на нивните дела и животи, немаше да има нови биографии кои содржат дотогаш непознати пикантерии, културните рубрики на весниците ќе беа празни, спомените на некои важни настани избледени.

„ТРИ ДИЈАЛОГА ЗА ПОЗНАНИЕТО“ од Пол Фајерабенд

Во филмот кој го нарекуваат комедија, „Четири лава" на Кристофер Морис, група британски муслимани решаваат да станат бомбаши-самоубијци.

„ЗОКИ КОКИ“ од Виктор Венец

Пред некој ден се сретнав со пријател кого го немав видено дваесетина години. Живее во странство и нема многу контакти со родната грутка.

НАШ ЧОВЕК НА ТЕРЕНОТ од Роберт Перишиќ

Еден осврт за оваа книга почнува со следниве зборови: „Роберт Перишиќ е заебан лик". Пократка и поточна дефиниција на нечиј уметнички опус не сум сретнала. Да си маж во најдобрите години, да си писател, и истовремено да си „заебан", значи дека си добар. А Перишиќ не само што е добар - тој е одличен.

„ДИЈАЛЕКТИКА НА ПРЕОДНИОТ ПЕРИОД“ од Виктор Пељевин

Само што си рековме дека ќе го затвориме дуќанот, и ќе заминеме раат на одмор, почнаа да пристигнуваат сериозни индикации за постоење на нам непознат автор, за кој дури и сега, откако по итна постапка прочитавме две негови книги, се уште не сме сигурни - дали е луд или гение.

„СЛОБОДА“ од Џонатан Франзен

Оние кои редовно, или барем чат-пат ги следат новостите во книжевниот свет, последниве два месеца не можеа глава да кренат од Франзен. Неговиот нов роман „Слобода" (по „Корекции" кој се појави 2001, истата недела кога се случи 9/11, и беше номиниран за Пулицер), беше хиперболично прогласен за „книга на векот" уште пред да стигне до книжарниците.

„ФО“ од Џ. М. Куци

На Робинзон Крусо се сеќавам од основно: сцената кога тој прв пат здогледува човечки стапки на навидум пустиот остров и денес ми предизвикува морници.

ЛЕНОН на 70

Да го преживееше атентатот, Ленон можеби ќе доживееше 70. Ќе беше разведен, политички компромитиран, горд сопственик на краварска фарма во Делавер Каунти, каде гостите–намерници ги служат студено капучино, во високи чаши.

„КРАЈОТ НА ЕДНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА“ од Греам Грин

Краевите се секогаш поинтересни од почетоците. Крајот подразбира некакво сведување, заокружување, резимирање. Можеби не се сеќавате како и кога нешто почнало, но ако го преживеете, знаете да го препознаете крајот.

САМО ЗА ЛЕЗЕТЛИИ! (рецепти од Македонија)

Пред неколку дена нè израдува новата реклама во циклусот „Македонија вечна". После сите убајни кои можеме да му ги понудиме на добронамерниот патник: археолошки ископини, манастири, вина, езера и планини, конечно некој се сети на она што всушност требаше да биде прво - на храната!

Кој е Ричард Бротиган?

На наши години ('наши' за да не испадне дека сум сама во маките), човек почнува со сведување на сопствениот уметнички и друг вкус. Знаете точно што да нарачате во кафана, по облека одите само во вам познати продавници, не се ни трудите да проверите кои се музичарите на кои се палат помладите, тешко склопувате нови (дури и Фејсбук) пријателства, а кога старите ве викаат за излегување се мачите да одберете меѓу тоа и рано легнување.

КОЈ ПАЛИ, ЗЛО МИСЛИ

„Смеата го убива стравот, а без него не може да има вера - без страв од Ѓаволот, нема веќе потреба од Бог. Што ако заради оваа книга учените речат дека е дозволено да се смееме на сè? Светот ќе потоне во хаос! Затоа, го уништувам она што не требало да биде кажано."

Хорxе де Бургос во Името на розата, пред да ги изеде затруените листови од втората Аристотелова Поетика, и да ја запали манастирската библиотека

„НАИВЕН. СУПЕР.“ од Ерленд Лу

Сите имаме наши тешки моменти. Денови кога бесмисленоста доаѓа лазејќи, и ние тонеме во цинизам и иронија. Денови кога престануваме да веруваме во љубовта, и дека на крајот сè ќе биде добро. Во такви моменти е убаво да се чуе тенко и треперливо детско гласче, како пее една пријатна песничка.
(од „Наивен. Супер")

Поезијата секогаш победува (или: на Струга поправен мост да имам) Гости-уредници: Ненад Јолдески и Тина Тодороска Петреска

Кога бев (по)мала не поминуваше ни едно лето да не одам во Струга за време на 'вечерите'. И ми беше супер - зрело лето, полупразни плажи и химнични звуци на поезија, помешани со вкус на Т'га.

„ИЗГУБЕНИОТ СОН“ од Дарко Јорданов

Сабџект: Заувек
Датум: 20.12.2009

„ОСМИОТ ПОВЕРЕНИК“ од Ренато Баретиќ

Сè уште не сте биле на одмор? Во потрага сте по недопрена природа, диви морски плажи, 'автентична' локална култура и ефтино сместување? Епа, добредојдовте на Треќиќ!

ЗА ЕТИКАТА, или: црна мачка, бел мачор

Пред некое време беше објавена вест дека петмина 'тинејџери' (всушност осумнаесетгодишни, возрасни граѓани), измачувале и касапеле мачка, снимајќи се со мобилен телефон. „Повеќето деца", се вели во веста, „после школо одат во локалните кафулиња на муабет. Но овие одбрале друг вид забава."

„Седум сонца и седум месечини“ од Жозе Сарамаго, гостин-уредник: Илија Упалевски

Во рубрика со ваков наслов веројатно очекувате за своите книжевни преференци да пишуваат Благица Павловска, Боки 13, Милошоски или Фрчко. И зошто да не, можеби и тие ќе дојдат на ред во некое следно издание. Но за почеток, една поинаква дефиниција на тоа кои се „познатите" гости-уредници - тоа се мои познати и пријатели, луѓе за кои знам дека читаат и дека добро пишуваат.

„УБАВАТА ИГРА: ФУДБАЛОТ ПРЕКУ ОЧИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ ИГРАЧИ“ од Том Ват

Да се разбереме – за фудбал не знам речиси ништо. Првенството го следам само по кафани и на гости, свртена кон оние што гледаат во телевизор. Дома во осум гласно пуштаме МТВ, за комшиите да мислат дека до нив живеат нормални луѓе.

МЛАДИ МАКЕДОНСКИ АВТОРИ (или: Зоран, Давор и Маријана)

На нашиот повик за испраќање писанија од млади автори се јавија неколкумина. Ги одбравме според нас најдобрите. Иако припаѓаат на речиси иста генерација, не тврдиме дека тоа е пресекот на книжевна Македонија во нејзините дваесетти.

„ПЕР ГИНТ“ од Хенрик Ибзен

Веројатно не е случајно што Ибзен пред да стане писател бил лекарски помошник. Затоа што неговата Пер Гинт не е просто „драмски спев од четириесетина сцени", тоа е дело - дијагноза.