Читанка

„ЛАДНОКРВНО УБИСТВО“ од Труман Капоти (БОНУС: ИНТЕРВЈУ СО ПРЕВЕДУВАЧКАТА НА КНИГАТА)

Сè што треба да знаете пред да ја прочитате оваа книга е содржано во нејзиниот поднаслов: „ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА ПОВЕЌЕКРАТНОТО УБИСТВО И НЕГОВИТЕ ПОСЛЕДИЦИ".

„УТОПИЈА“ од Томас Мор

„Дури и помеѓу буржујските економисти, тешко дека има сериозен мислител кој ќе одрече дека е можно, со средства кои во моментов постојат во смисла на материјални и интелектуални сили, да се стави крај на гладта и на сиромаштијата, и дека сегашната состојба на нештата се должи на социо-политичката организација на светот" 
Херберт Маркузе, „Крајот на Утопија"

„ВИДИ КОЈ СЕ ВРАТИ“ од Тимур Вермеш

Четврто во светот, и прво на Балканот, македонското издание на бестселерот на германско-унгарскиот писател Вермеш.

„Илустрирана книга на лоши аргументи" од Али Алмосави

Ако некој ви понуди книга од областа на „фундаменталните концепти на логичкиот дискурс" вие најверојатно веднаш, и сосема логично, ќе заклучите дека баш тогаш имате нешто работа. Но што ако некој ги одбрал најчестите грешки во донесувањето заклучоци, и ги визуелизирал толку интересно што никогаш нема да ги заборавите, логично, ако воопшто ги прочитате?

„АСТРАГАЛ“ од Албертина Саразен

„Албертина Саразен (1937-1967) е француско-алжирска писателка. Рано го напуштила училиштето и се оддала на криминал и проституција. Ги напишала нејзините два романа во затвор, а умрела на 29-годишна возраст. Ова ново издание од 2013 е придружено со предговор на Пети Смит.

„ДРУШТВОТО НА ЈУЛИЈА“ ОД САША ГРЕЈ

Кога со блага иронија пишував за „50 нијанси сиво", и за парадоксот на нејзиниот успех да се продаде во 40 милиони примероци без ни „с" од скандалозноста која би требало да го мотивира ваквиот интерес, текстот заврши со тоа дека од сите нијанси сиво сепак ја бирам Саша Греј.

„РОДЕНИ ЗА ТРЧАЊЕ: скриено племе, суператлети и најголемата трка која светот ја нема видено“ од Кристофер МекДугал

„Што зборувам кога зборувам за трчањето" на Мураками, за која веќе пишував, не ме поттикна да почнам да трчам. Но затоа ме потсети на една друга книга на истата тема која подолго ми стоеше во е-ридерот, кого не научив да го засакам. Ја нарачав на хартија, и не зажалив.

„НАЈВАЖНАТА ИГРА“ од Илина Јакимовска (цртежи Иван Ј.)

Иван Јакимовски е млад уметник од скопско Тафталиџе. Сабајлево беше виден како јаде лепче со крем-сир, дур по сто и први пат гледа еден ист цртан на Cartoon Network. Сака да прави експерименти - шлајмови од лепливи материи и чудни конструкции од Лего коцки (како ова фризби на насловната).

„КОМО“ од Срѓан Валјаревиќ

„Тоа ти е ко некој роман. Дневнички белешки од кои направив книга. Поминав некое време во Италија, па ете, пишував. Интимни белешки за планинарење, и тоа прво планинарење во животот. Па после као се муваш со некоја женска, добро јадеш, пиеш добро вино, и на крај од тоа излегува роман. Ма супер!"

ПИЛЕШКА СУПА ЗА ДУША или дали знаете што празник е 8. мај?

Двајца пријатели се возеле со такси. На излегување едниот од нив го поздравил таксистот и му посакал убав ден, заблагодарувајќи му на пријатното возење.

„ШТО ЗБОРУВАМ КОГА ЗБОРУВАМ ЗА ТРЧАЊЕТО“ од Харуки Мураками

Кога во книжарницата Лјевак на плоштадот бан Јелачиќ во Загреб ја забележав новата книга на Мураками, со веќе преполна торба други, за момент се замислив. Да, „Норвешка шума", „Спутник", прекрасната „Јужно од границата, западно од сонцето", новата трилогија...ама, книга за трчање? Јас, што не можам да потрчам ни по автобус без болки во листовите? Сепак, книгата ја земав, и без трчање се упатив кон касата.

КАКО СЕ ЈАДЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА? – Гостин-уредник (пак): Татјана Б. Ефтимоска

Почна вака: во јули објавивме статија за фото-серија под наслов „Фиктивни оброци", во која се визуелизира храната во неколку славни светски романи, како Оливер Твист или Алиса во земјата на чудата.

„Пикасо“ од Гертруда Стајн, или изложбата на Пикасо во Кловичеви двори во Загреб

Сплит-Скопје виа Загреб: после море и 19 степени, слетувањето во Загреб на 5 делуваше како пристигнување во Осло или Копенхаген.

ЗБОРУВАМЕ МУЗИКА, гостин-уредник: Бојан Петков-Шамба

Бојан го знаете – гитарист во „Летечки пекинезери", чест соиграч во други џез состави, Дромец, другар на Адо, и уште од мал талентиран цртач, музичар и љубител на поетската реч. Ми рекоа дека бил и правник, ама тоа некако не ми се вклопува, па елегантно ќе го заобиколам.

„ЗИМСКИ ДНЕВНИК“ ОД ПОЛ ОСТЕР

Твоите боси стопала на студениот под додека се симнуваш од креветот и му приоѓаш на прозорецот. Сега имаш шеесет и четири години. Воздухот надвор е сив, речиси бел,сонцето не се гледа. Се прашуваш: уште колку утра остануваат? Една врата се затвори. Друга е отворена. Влегуваш во зимата на твојот живот. (Пол Остер, Зимски дневник)

„ГЛАДНОТО УВО: песни за храна и празнувања“ од Кевин Јанг

Случајно разгледувајќи ги досегашните изданија на Букбокс читанка, ми падна во очи колку од текстовите се посветени на храната и пијалоците.

„СМРТНОСТ“ од Кристофер Хиченс

„Кога човек знае дека за двe недели ќе го обесат,
тоа прекрасно му го концентрира умот"
Семјуел Џонсон

„ДОВЕРЛИВО ОД КУЈНАТА: АВАНТУРИ НИЗ МРАЧНИТЕ СТРАНИ НА КУЛИНАРСТВОТО“ од Ентони Бордејн

Сè почна кога на телевизија ми се појави нов канал – 24 Kitchen – посветен на храна и готвење. Многу бргу лутеницата на Алачка падна во сенка на белите пецива на бланшираниот Рудолф, на Spezzatino di carne con patate на Џовани и на „шоколадовите клавиши" на Јулисима.

„ТУРБО ДИОНИС“ од Дарко Лешоски

Сè почна кога една пријателка ме праша дали можеби песната која извесен Дарко ја објавил на Фејсбук за „Илина од Рузвелтова" е за мене. Заинтригирана од можноста некој да ми ме спомнал во песна, а (тоа) да не го знам, побрзав да ја најдам и прочитам.

„СВЕТОТО И ПРОФАНОТО: ИСТРАЖУВАЊЕ НА ХИПСТЕРИТЕ“ од Џејк Кинзи

Копајќи по интернет по книги ја најдов „Светото и профаното: истражување на хипстерите", кратка – се чита за 2-3 часа – посветена, очигледно, на хипстерите. Се разбира ја симнав и потоа ја исчитав за време на вообичаено долгото патување со автобуси.

„50 НИЈАНСИ СИВО“ од Е. Л. Џејмс или: „шта је то у људском бичу, што га тера ка порничу?“

Пишувањето осврт за извикан, таканаречен еротски роман, е ризична работа.

„ЗБОРОТ ВО ТЕСЕН ЧЕВЕЛ“ од Вероника Костадинова

Не толку одамна, кога бевме технолошки посиромашни и моравме да живееме без Фејсбук и Твитер, и да муабетиме со пријателите во живо со пиво и скара (какво мачење...), се појави институцијата „блог", кој иако подоцна оспоруван, плукан и клеветен, всушност изврши една важна локална функција во неговите најдобри времиња, кои сега како повторно да се враќаат.