Bookbox

Светислав Басара: „Стварноста е обврзна, но не е стварна“

Во интервју за белградско „Време“, Басара зборува за својот нов роман „Контраендорфин“, за хормонот на несреќа кај балканските народи и зошто пишувањето е „кулук“.

Американската актерка - пионер на модерниот танц и театарското осветлување

Во Америка не ја ценеле, па на самиот крај на 19 век дошла во Париз каде се дружела со Тулуз-Лотрек и Марија Кири. Се смета за основоположник на модерниот танц, но на нејзино име се водат и повеќе патенти поврзани со театарското осветлување. 

Ирвин Велш: „Штом заврши пандемијата ќе има бунт против интернет“

Авторот на култната „Трејнспотинг“ по која е снимен и истоимениот филм на Дени Бојл (во два дела), беше гостин на Фестивалот на краток расказ во Ријека. По тој повод даде интервју од кое пренесуваме делови.

Пелтечење, семејни трагедии, мисли за самоубиство: животната приказна на Џо Бајден

За да го надмине пелтечењето кое го мачело цело детство ги рецитирал Јеитс и Емерсон пред огледало. А во двата мемоара кои ги има напишано до сега отворено зборува за трагедиите кои го имаат снајдено. Ако ништо друго, за ваков човек е сигурно дека знае да застане на нозе кога животот го кутнува.

На кој јазик би почнале да зборуваат деца растени во целосна изолација?

Хебрејски, старогрчки, египетски, санскритски. Ова биле јазиците за кои древните мислители тврделе дека би почнале да ги зборуваат деца растени само со други деца.

Кога републиканците биле сини, а демократи црвени

Не, не е метафора. Ерата на изборните мапи за претседателски избори во САД, кодирани во различни бои, започнала во 1976. Ама тогаш боите биле обратни од оние денес. 

Брачниот пар од Холандија кој нема кому да му ја донира својата збирка македонска музика

Петер Ендејдајк и неговата сопруга Анемиек ден Уијл ја купиле првата плоча со македонска народна музика пред 58 години. Македонија ја нарекуваат свој втор дом. Но се прашуваат што ќе се случи кога нив веќе ќе ги нема - кој ќе се грижи за нивната голема аудио колекција.

Њујоршката книжарница што доби 25.000 нарачки откако испрати апел за помош

Стренд е независна книжарница која како и голем број други бизниси во текот на пандемијата едвај спојуваше крај со крај, и покрај долгата традиција од скоро еден век. Но затоа се тука нејзините верни читатели да помогнат во тешки времиња.

Дали навистина популистичкиот речник е поедноставен?

По повеќе години градење стереотип за Трамп како некој кој користи јазик „разбирлив за четвртоодделенец“, нови истражувања покажуваат дека тој и не е баш прост во споредба со неговите опоненти.

Читај ми од усни: оралните задоволства и болки во уметноста

Прва изложба целосно посветена на устата се отвори во Кунстмузеум Волфсбург во Германија.

Како нацистите си присвоиле бестселер со рецепти

Готвачот на Алис Урбах бил хит во германското говорно подрачје во 1930-тите. Како Еврејка таа избегала од Австрија, каде книгата била отпечатена со друго име на корицата.

Кога Луј Армстронг за момент запрел граѓанска војна во Конго

Во 1960 славниот трубач прифатил да замине на турнеја низ Африка, која опфаќала 27 градови. Неговите концерти се преклопиле со прославите за независност на Нигерија. Но и со граѓанска војна во Конго.

Колку е реален шахот во серијата „Дамски гамбит“?

Мини-серијата на Нетфликс е приказна за созревање на девојка која станува толку јака во шах што почнува да се натпреварува со најдобрите мажи во земјата. Бет Хармон е трауматизирана, навлечена на таблети, убава и остра како брич. Но колку е реален шахот што го игра во серијата?

Професорката од Уганда која користи радикални навреди како форма на активизам

Стела Нјанзи предавала на елитен универзитет, но во длабоко конзервативната Уганда одбрала малку незгодна тема за проучување - хомосексуалност. Притисоците кои ги трпела од неа направиле необичен вид активист, кој ја црпи силата од немилосрдна дрскост.

Лобстерополис: изложба која можете да ја видите преку подвижни робот-камери

Посетителите на изложбата на Филип Колберт можат преку мобилен да ги контролираат роботите и низ нивните „очи“ да ги видат делата.

Ако 2020 е ТВ сценарио, како би требало да заврши?

Основната премиса на замислената серија би била - што се случува кога врз постоечките светски проблеми ќе се накалеми смртоносен вирус? Содржината, пак, би била толку комплицирана што најверојатно би се откажале од гледање по втората епизода.

Левицата и десницата зборуваат на различни јазици - буквално

Студијата се однесува на САД, каде анализата на онлајн коментари покажале дека либералите и конзервативците користат различни зборови за слични искази. Како да зборуваат не на некаков сленг, туку на сосема различен јазик. 

Kaко низ годините се прикажувани менталните болести на филм?

Нова научна статија во пред-печатење на истражувачи од Стенфорд и Јеил го истражува портретирањето на самоубиствата и психијатриските болести во филмската уметност, и како тоа влијае врз нашите предрасуди поврзани со овие теми.

Сашико и боро: јапонски традиции на крпење облека

Да се поправи а не да се фрла е фина работа која ја почитувале нашите предци, а сега ја применуваат главно оние кои не можат да си дозволат ново. Но и крпеното може да изгледа убаво и достоинствено.

Книжарница во Тајван во која купувачите се во темница

Мотото на книжарницата е „читање на (или со) душа“, а влезот е означен со традиционално платно кое се поставува при смртен случај. Ова е метафора за посетителите да се ослободат од нештата кои ги мачат во секојдневниот живот. Во неа можат да влезат оние над 18 години, бидејќи содржи книги кои често се на сензитивни или еротски теми.

Песната што Дилан ја напишал за да го исмее Ленон

Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.

Мрачниот Мики Маус

Низ стриповските кругови долго време кружи „урбана легенда“ за стрип на Дизни во кој Мики се обидува да изврши самоубиство на различни начини со комичен ефект. Сепак ова не е легенда туку факт, кој зборува за начинот на кој во меѓувреме се сменило нашето чувство за „смешно“.

Што е тоа наративна „кинеска кутија“?

Ги знаете оние кутии што во себе содржат помала кутија, па во помалата уште помала...Традиционален кинески дизајн, тие станале популарни на запад, но не само како материјален артефакт, туку и како фигуративен опис на ситуации или содржини кои се концептуално вгнездени едни во други.

Тантал и последната тоалет хартија: старогрчки митови сред пандемија

Нарцис малку предолго се ѕвери во својот одраз во тек на видео повик. Заглавена дома, Медуза се обидува да ги пресече своите палави кадрици.