Турнејата на Луј Армстронг била спонзорирана од Стеј департментот и компанијата Пепси, која на почетокот на шеесетите на минатиот век отварала пет нови погони за полнење сокови низ Африка. Кога пристигнал во Леополдвил, главниот град на Конго, Луј предизвикал вооружените конфликти во оваа земја привремено да престанат.
На почетокот на 1960-тите Конго била во најмала рака нестабилна држава. Новоизбраниот претседател на земјата која неодамна станала независна, Патрис Лумумба, само што доживеал воен удар од антикомунистот Џозеф Мобуту, по што бил изложен на тортура и на крај убиен откако Обединетите нации му свртеле грб. Во моментот кога таму пристигнал Армстронг, како дел од турнејата низ Африка, земјата била пред колапс. Но веднаш по неговото зачекорување во неа, завојуваните страни декларирале примирје, за да можат сите раат да ги следат настапите на џезерот.
Примирјето за жал траело само тој, еден ден, 27 октомври 1960. Советите ја оцениле посетата на Армстронг како дел од „диверзивна тактика“, што се вклопувало во генералните критики упатени кон него како „пион“ во служба на американската влада, кој за добри пари учествувал во турнеи на „добра волја“ кои всушност биле форма на идеолошка војна. Тука спаѓала и соработката со приватни фирми чија цел било „да се омекнат импликацијата на пропагандните активности“.
Американскиот амбасадор во Конго по концертите од 27ми, оценил дека „тие биле многу успешни во поглед на генерално психолошко влијание врз инаку вознемирениот град“. На нив дошле 10.000 Конгоанци, на кои навистина им била потребна одишка. Дипломатите сепак погрешно ја процениле реакцијата на публиката кога таа почнала да заминува во мугри. Всушност, луѓето се подготвувале за борбите наредниот ден. Како и да е, според зборовите на Стејт Департментот, тоа бил „прв весел настан“ во градот по независноста на земјата.