Во 1960 славниот трубач прифатил да замине на турнеја низ Африка, која опфаќала 27 градови. Неговите концерти се преклопиле со прославите за независност на Нигерија. Но и со граѓанска војна во Конго.
Во животот се изнагледал трагедии, па сепак успеал да ја направи најоптимистичната песна на светот, What a Wonderful World. Епидемијата која ја доживеал како 17-годишник на некој чуден начин не го закачила.
Помеѓу своите колеги Сачмо бил познат како прилично умерен во изјавите кога станувало збор за расизмот. Си ја гледал работата и дувал во трубата, но главно не коментирал околу вакви теми. Сè до моментот кога на негов концерт пред салата не експлодирала бомба.