Сашико - преведено како „мали убоди“ - е вештина родена во периодот Едо (1603-1868) кога селанките се обидувале да го продолжат животот на облеката на семејството. Притоа користеле разни техники, а една од нив, наречена „боро“, се состои од споени парчиња - бел конец на индиго основа.
Иако „сашико“ може да се разгледува и како декоративна техника, како во случајот со оваа добро сочувана облека од периодот Меиџи во Музејот Метрополитан, главната употреба била произлезена од нужност.
Сепак, вештината не се состои во правење совршен убод, туку во „дијалог со ткаенината“. Вака се објаснува на сајтот на Кеико и Ацуши Футатсуја, мајка и син кои и денес се занимаваат со овој занает, односно со оваа уметност.
Она што е потребно за да се вежба ваквата техника е долга игла, бел конец како за везење, а за боро постара ткаенина на која ѝ треба освежување. За инспирација тука може да се најдат туторијали и шеми.