Bookbox

Кога морнарите морале да учат тригонометрија

Од 16 век европските морепловци веќе не можеле да се потпираат на својата меморија на крајбрежните знаци. Отвореното море си барало знаење на астрономија и математика. Дури и неписмените морнари морале да го загреат столчето.

Ќе се прави „Енциклопедија на европски мириси“

Како мириса Европа? Не во метафорична и политичка смисла, во која некому нештата може да му смрдат. Истражувачи во прв проект од ваков вид ќе ги истражуваат минатите и сегашните ароми на европскиот континент.

Тажната, вистинска приказна за братучетките на кралицата Елизабета

Серијата The Crown, не е само парада на скапи тоалети и ентериери, туку е и прилично остра и информативна кога станува збор за историските детали. Помеѓу нив приказната за Нериса и Кетрин Боус-Лајон.

Словенечкиот изумител кој им избегал на нацистите

Петар Флорјанчич, словенечкиот изумител кој почина минатата недела на возраст од 101 година, тврдел дека Хичкок би платил големи пари за да ја филмува неговата животна приказна.

Радио водителот кој емитувал програма за само еден слушател

Во 1970-тите во Британија постоело Радио 77 на кое можело да се слушне сè: најнови хитови, атрактивни џинглови и ди-џеј кој како да бил роден за радио водител. Но програмата била наменета за најмалубројната публика на светот - единствената слушателка била сопругата на водителот.

Дали постои „вистинита“ фотографија?

Ерол Морис е наградуван режисер на документарци и автор на над 1000 реклами, меѓу кои и за познати брендови како Епл. Но една фотографија од 1855 толку го опседнала што отпатувал на Крим и изнајмил топ за да провери дали е вистинита.

Каква врска има Доли Партон со новата вакцина за Ковид-19?

Оваа недела излегоа до сега најоптимистичките вести за развојот на вакцина против коронавирусот, на компанијата Модерна, која покажала изненадувачки 94.5% ефикасност во прелиминарните тестирања. Но еден детал стана главен „зачин“ во целата приказна.

Eпидемија, карантин, политички немири: заборавениот роман на полски автор од 1930-тите

Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.

Цијанометар - алатката измислена во 18 век за мерење на синилото на небото

Не бил нешто посебно корисен, ниту пак се одржал долго време во историјата на науката. Сепак, има нешто поетско во тоа да се искачиш на Мон Блан за по пат да ги бележиш сите нијанси небесно сина, и на тој начин да го измислиш цијанометарот.

Најдобри книги за наука 2020

Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020

Непознатиот музичар чии композиции секојдневно ги слушаат милиони Јапонци

Се вика Минору Мукаија, и е композитор на „хаша мероди“ или „мелодии за заминување на возови“ - кратки џинглови кои го означуваат расчистувањето на платформите и затворањето на вратите на некои од најпрометните станици во Јапонија.

Бизарните средовековни судења за импотенција

Меѓу ретките средства кои им стоеле на располагање на жените од „мрачниот“ среден век за развод било да докажат дека нивните сопрузи не се во состојба да ги извршуваат брачните должности. За оваа цел пред црковниот суд биле повикувани сведоци, но и „тестери“ на гениталиите на сиротиот обвинет. 

Осуден за соучесништво во атентат поради Хипократовата заклетва

Доктор Семјуел Мaд (Samuel Mudd) поради лекарска етика е осуден за соучесништво во атентатот на Линколн. Но на истиот начин се изборил за слобода неколку години подоцна.

Претстава која ја играте сами со инструкции кои ви ги носат до дома

Вие сте единствениот изведувач, истовремено и публика, во оваа драма чија содржина е различна за секој актер-гледач.

Јутјуб проектот „Унус анус“ кој живееше 365 дена

Денес, 14.11., се одржува „помен“ на јутјуб канал кој постоеше точно една година. Рокот на траење му се знаеше уште кога се отвори, а е содржан и во неговото име.

Опуштете се: следните 10 години ќе биде полошо

Терминот „клиодинамика“ означува истражување на историјата преку комбинација на дисциплини: културна еволуција, економска историја, макросоциологија и математичко моделирање. „Клиодинамичарите“ најавуваа дека во 2020 ќе биде лошо, ама сега предупредуваат - ќе биде и полошо.

Франц Брентано: помалку познатиот учител на Фројд и Хусерл

Во речиси секоја дисциплина постои нешто наречено „закон на династии“ - главните фаци во некоја област самите биле ученици или инспирирани од претходна јака фаца. Но понекогаш претходниците или не се познати, или се во сенка на своите наследници.

Kaко Нетфликс ги смислува имињата на своите категории?

Доколку сте претплатени на Нетфликс по некое време алгоритамот ви го фаќа вкусот и почнува да ви препорачува филмови слични на оние кои веќе сте ги гледале. Во нашиот случај се појавуваат категории од типот „церебрални“, „мрачни скандинавски“ и „бавногоречки“. Живописноста на описиве се истовремено интересни и непотребни.

Што значи да те 86-нат во англискиот?

Ние едно време кога сакавме некого да откачиме викавме „ај двојче“. Американците користат малку поголема бројка која се појавува од време на време во песни, филмови и во политичкиот жаргон.

Коцка, алкохол и шах: животот на авторот на „Дамски гамбит“

Волтер Тевис, по чија книга е снимена истоимената серија на Нетфликс, се коцкал и пиел, пред да се сврти кон шахот. Со оглед на неговата животна приказна, чудо е што книгата воопшто излегла.

Жената која ги правела најдобрите клавири во Виена

Нанет Страјхер за жал има маргинално место во историјата на музиката. А била една од најдобрите производители на пијана не само во Виена, туку во Европа. Плус долго време го водела хаотичното домаќинство на Бетовен.

Лажна продавница во која и месото и зеленчукот е направен од пластични ќеси

Станува збор за уметнички проект под наслов The Plastic Bag Store, кој неодамна се отвори во форма на продавница на Тајмс сквер во Њујорк.

Актуелен случај во Србија: како се одредува плагијат на превод?

Стручна комисија на Универзитетот во Белград, по пријава на студент, утврдува дека професорка од Економскиот факултет во свој превод на учебник презела 150 страници од претходно издание на истата, потпишани од покоен постар колега. Но начинот на кој е извлечен овој заклучок е прилично спорен и остава простор за различни толкувања.