„Законот на династии“ е резултат на следниов процес: генерацијата во подем е способна да идентификува кои се најдобрите учители, а пак вториве имаат доволно искуство да ги одделат оние ученици кои имаат најголем потенцијал. Второ објаснување е дека ако учителот е еден од најдобрите во својата генерација, тогаш силната и позитивна подрдшка што тој би ја дал на млад научник би била од клучно значење во професијата.
Но некои мислители, поради своето влијание, создаваат поголемо потомство од останатите, а самите остануваат на маргините на пошироката популарност. Таков е Франц Брентано, германски филозоф и психолог, чија кариера се одвивала од 1870-тите до раните години на 20 век. Неговото влијание било големо во обете области, и во филозофијата и во психологијата, но исто така била голема слободата која тој им ја овозможувал на своите интелектуални наследници - да го преобмислат „канонот“, кој го вклучувал и делото на учителот, нешто што оди потешко или никако со посуетните.
Бретано се родил во 1838 во близина на Франкфурт, во католичко семејство на уметници и интелектуалци. Неговиот помлад брат станал еден од највлијателните економисти на својата генерација, а е запамтен и поради своите расправии со германскиот социолог Макс Вебер.
На 18-годишна вораст Франц Брентано почнал да студира филозофија, а докторирал на Аристотел. Во август 1864, на 26-годишна возраст, одлучил да стане католички свештеник. Но не се откажал од професорската дејност, станал „приватдоцент“, што значело дека приходите му зависеле од учениците кои ги слушале неговите предавања. Двајца од нив ќе останат со него долго време, додека самите не станат првенци во својата област. Карл Струмф, само 10 години помлад од Брентано, ќе стане едно од главните имиња на германската психологија, а Антон Мартин ќе предава филозофија на јазикот во Прага.
Во 1869, во време на Првиот ватикански концил, од Брентано било побарано да напише текст кој би го поддржал принципот на папската непогрешливост. Но тој по подолго време на истражување и пишување, всушност навел аргументи против истото, и така започнал период кој ќе доведе до неговото напуштање на свештенството. Понудено му е професорско место во Виена, кое тој го прифатил. Ова одиграло огромна улога во формирањето на уште неколку негови „наследници“ - Фројд и Хусерл.
Во приватниот живот Брентано продолжил да бранува - ѝ понудил брак на жена од високото виенско општество, но нивната љубов била во спротивност со австрискиот закон кој забранувал дури и поранешен свештеник да се жени. Тогаш тој се откажал од австриското државјанство и станал жител на Саксонија. Но ова значело дека Универзитетот во Виена веќе не можел да го ангажира како професор, и тој повторно станал приватдоцент. Почнал период на економска несигурност, но и неможност до крај да се истера менторството на студентите, кои морале да се префрлат кај официјален ментор.
Меѓу нив бил и Фројд, чија професионална кариера не вклучувала такви видови психологија со кои се занимавал Брентано, но сепак поминал пет курсеви кај него во текот на студиите. Тогаш му пишал на свој пријател:
Еден од предметите - пази сега, ќе се изненадиш - се занимава со постоењето на Бог, а професорот е брилијантна личност. Научник и филозоф, тој смета дека е неоопходно со своите ставови да го поддржи етеричното постоење на божественото. Овој необичен и на многу начини идеален човек, е верник и телеолог, но истовремено дарвинист и генерално умно момче, всушност гениј. Во моментов ќе го кажам само ова: дека под негово влијаине одлучив да работам докторска во областа на филозофијата и зоологијата.
Психодинамиката на врската помеѓу учител и ученик се комплексни и денес пречесто се интерпретираат во смисла на моќ а понекогаш и сексуалност. Но Брентано им помогнал на своите ученици да си ги најдат своите интелектуални гласови, без премногу да се наметнува.
Откако сопругата му починала, се преселил во Фиренца каде поранешните студенти често го посетувале. Почнал да го губи видот и некој постојано морал да му чита и да фаќа белешки. По избувнувањето на Првата светска војна се преселил во Швајцарија и умрел во Цирих во 1917 на возраст од 74 години.