Bookbox

Нова книга: бизарни семиња и овошки од целиот свет

Фотографот Левон Бис го разоткрива неверојатниот свет на репродукцијата на растенијата.

До 2040 на Земјата ќе има повеќе бетон отколку жив свет

Во светот има толку многу бетон што наскоро тој ќе ги надмине сите живи материјали, вклучувајќи нè и нас. И покрај својата повремена убавина, обемот на неговото глобално распространување е загрижувачки.

Како едно африканско племе ги користи погрешно свртените броеви за пријателства и бизнис

Во текстот станува збор за номадски сточари од племето Масаи во источна Африка. Од нивната приказна можеби можеме нешто да научиме - да не викаме само „грешка сте“ и напрасно да спуштаме телефон на погрешен број.

Париската куртизана што мирисала на јастог и шампањ

Во архивата на париската полиција се чува дебел том со кожен повез, кој ги содржи досиеата на група жени наречени Les Insoumis - Бунтовнички. Меѓу нив и на една нагалено наречена „Каро“.

Проектот „Касандра“: дали книжевните дела можат да предвидат војни?

Пред три години, мала група научници на германски универзитет покренале соработка со војската - користејќи книжевни дела во обид да се укаже на потенцијални идни конфликти во светот.

„Не биди осамен, не биди мрзлив“: тајните на 400 години стара книга за самопомош

Почитувана од многумина, од Џон Милтон до Ник Кејв, „Анатомија на меланхолијата“ отсекогаш била енигма за бројни читатели. Сега, 400 години по нејзиното објавување, некои нејзини пораки се разоткриваат.

„Не сум Еленор, туку Џон“ - родово шарениот среден век

Денешните истражувачи имаат проблем да го класифицираат ликот и д/телото на една средовековна машка проститутка, интерсексуалец, кросдресер и бисексуалец. А единствен документ за неговото постоење е судски записник. 

Зошто е потребно вбризгување спротивни идеи во застојаните уверувања?

Што ако Земјата не е центар на сè? Што ако предците на луѓето некогаш изгледале како мајмуни, или биле едноклеточни организми? Што ако континентите се движат? Овие прашања во минатото не биле дискутирани во добро воспитаните кругови. Но тоа не им одземало од вистинитоста или од значењето. Истото важи и за некои од идеите од денешницата. 

Човекот на кого му биле дадени две недели да напише биографија на Џегер

Во 1983 „гоустрајтерот“ Бери Колман добил неверојатна задача - итно да напише книга која негов претходник ја влечкал со месеци, а чие неизлегување би значело крах на издавачката куќа. А темата не била баш едноставна.

„Задржи ме. Јас избегав!“ - ѓерданите на робовите од древен Рим

Робовите во древен Рим околу вратот носеле алка со приврзок кој сигнализирал дека доколку слободно се шетаат наоколу најверојатно се избегани од господарот. Нивното враќање назад било наградувано. 

Советската снајперистка испратена да ги убеди Американците да учествуваат во Втората светска војна

Људмила Павличенко пристигнала во Вашингтон на крајот на 1942, а пред новинарите застанала со својот преведувач, облечена во советска воена униформа. Не зборувала англиски, но нејзината мисија била очигледна. Како високо одликуван офицер во Црвената армија, таа дошла од името на советската Висока команда за да измоли поддршка за нов фронт во Европа.

Чудниот случај на „Херлок Шолмс“

Оние кои ја гледале втората сезона на „Лупен“ сигурно забележале во кадар една книга со необичен наслов. За него има исто толку необична приказна.

Луѓето што се „сингл“ мирисаат различно?

Во мирисот на нашите тела се наталожени куп психолошки и биолошки информации. Тие можат релативно точно да го предвидат нашето однесување, особено кога станува збор за избор на партнер. Но има и „квака“ - тој партнер, одбран според најпријатниот мирис, најчесто не е истиот со кого решаваме да живееме за озбилно.

Германското „садо-мазо“ писателско талент шоу

Секоја година победникот на престижната награда Ингеборг Бахман се бира помеѓу автори кои мораат да читаат свој 25-минутен текст на телевизија. Рејтинзите на гледаност се прениски, но влијанието на оваа анахрона манифестација е сепак големо. 

Кога се пушел џоинт од сушени банани

Гласината дека корките од банана би можеле да го имаат истиот халуциноген ефект како и марихуаната почнала да се шири во американските алтернативни списанија од 1960-тите. Обидите се покажале неуспешни, но бананите едно време се трошеле ко луди.

„Несонувани брегови“: жените кои ја промениле антропологијата

Преземале физички ризици и опасни патувања, но првите професионални истражувачки од областа на антропологијата дополнително наидувале на сопки од нивните машки колеги дома. Една од нив се самоубила, две завршиле во лудница.

Koja е мајката на Кузма?: деликатната улога на преведувањето

Дали Хирошима би била бомбардирана ако јапонскиот содржеше израз со значење „без коментар“? Дали е во ред мисионерите да заменуваат „бело како снег“ во Светото писмо со „бело како печурки“ на места каде што снегот никогаш не паѓа? Кој, или што е мајката на Кузма, и зошто Никита Хрушчов бил опседнат со неа?

Брајан Ино има ново радио шоу

Кога во 2013 Ино на некакво предавање го прашале како знае кога некое парче музика на кое работи е завршено, одговорот бил: „Кога ќе дојде рокот“. Но притоа спомнал и дека има над 200.000 (!) необјавени траки. За разлика од други музичари кои чекаат истите да бидат објавени постхумно (или можеби мислат дека ќе живеат вечно, како Кит), Ино има поинаков план.

Перуанци поставиле на место 500 години стар мост уништен за време на пандемијата

Перуанци од регионот Куско повторно изградиле пет века стар висечки мост, користејќи традиционални техники на ткаење, за да можат да ја преминат опасната река Апуримак.

Пијанството како основа на цивилизацијата

Нова книга ги истражува забавните еволутивни корени на интоксикацијата. И тврди - и покрај сите бељи што ги има направено алкохолот, тој ни е потребен како на вид. 

Уметник го слави учеството на Шкотска на ЕП со шарени фудбалски топки

Додека се фарбаат личат на бомбици прелиени со шарен сос. Инсталацијата на фудбалски топки на еден шкотски уметник е посветена на пласманот на неговиот национален тим на ЕП, прв пат по цели 20 години.

Модата на шпицерајќи виновна за деформирани стапала во средниот век

Ексцентричните средовековни чевли со долги шпицести врвови, до доцниот 14 век толку ги деформирале нозете на неговите поданици, што англискиот крал Едвард морал да донесе закон - шпицот да не смеел да биде подолг од 5 сантиметри.