Bookbox

Уште една жртва на „разбудените“ - новинарот со 45-годишна кариера во Њујорк Тајмс

Турбулентото заминување на Доналд МекНил oд „Тајмс“ е застрашувачки сигнал за начинот на кој се вршат чистки во редовите на интелектуалците, новинарите, комичарите, актерите. Во случајов поради еден единствен збор, искажан индиректно, во прашање. Па ова бре го немало ни во времиња кои наводно биле полоши.

Александар Русјаков: Есенин без ритам во стиховите

Избор песни објавeни на Фејсбук профилот на Русјаков, среде снежна зима. За да стоплат, како варено вино.

Како да се популаризираат класичните јазици и знаењето за антиката?

Учењето латински и старогрчки младите главно не го доживуваат како нешто толку „кул“ колку да се зборува јутјуберски англиски. Но ова може да се промени ако се има вистинскиот пристап, а зголемувањето на бројот на интернет содржини на македонски од оваа област е еден од начините.

Вистинската приказна за „г-дин Извинување“

Се викал Алан Бриџ и водел „жешка“ телефонска линија за луѓе кои сакаат да се извинат за своите престапи, грешки и гревови. Нов подкаст во шест продолженија ја раскажува приказната.

Зелено, не те сакам зелено: бојата што го убила Наполеон?

Кога бил откриен радиумот, неговата интензивна зелена боја била инспирација за тоj да биде додаван во козметички продукти и да се користи при изработката на накит. Дури подоцна се дознало за неговите штетни ефекти, кои очигледно биле занемарувани на сметка на визуелниот впечаток. За жал, тоа не е единствениот пигмент кој најпрвин делувал корисно, а излегло дека е смртоносен.

Дали осуден за поседување детска порнографија смее да објавува поезија?

„Секој од нас е повеќе од најлошото нешто што го сторил“, е изрека со која се поддржуваат напорите за рехабилитација на осудени и за најтешки дела. Но кои се границите на ова великодушно пренебрегнување на криминалното минато на затвореникот, а поради напорот тој сепак да биде третиран како човек?

Вродениот инстинкт да реагираме на црвената боја

Во различни култури црвената е поврзана со страст, секс и романтика. Дали ваквата асоцијација е резултат на еволутивно наследство или е нешто што е научено?

Љубовниците од Теруел: шпанските Ромео и Јулија

Наводно вистинска приказна која се случила во 1217 во Арагон потсетува на шекспировата романса.

Што се случува кога научниците стануваат алергични на своето истражување?

Долгорочната изложеност на предметот на нивниот интерес често резултира со тоа што научниците стануваат алергични - на пример на змии, глувци и инсекти.

Вечна не-памјат: начинот на кој древните Римјани ги казнувале своите политичари

Низ историјата често се наметнува потребата од излегување на крај со наследството на лошите лидери, вид катарза, за нацијата да може да продолжи понатаму. Наспроти егзекуција или комплицирани судски процеси, Римјаните имале и еден поинаков метод.

Како звучи музика од школка стара 18.000 години?

За еден предисториски фосил - оклоп од морски полжав пронајден на Пиринеите во 1931 се сметало дека бил користен како сад за пиење. Но понови истражувања покажуваат дека тој всушност претставувал музички инструмент.

Јазични сигнали: начин на зборување кој најавува раскинување врска

Кога не се задоволни од врската луѓето обично не зборуваат директно за тоа. Можеби не сакаат да си го признаат, или сметаат дека станува збор за период кој може да се надмине. Но начинот на кој се изразуваат во врска со себеси и другите може да содржи скриени сигнали.

Горилата коj живеел како дете во Англија

Се викал Џон Даниел и бил посвоен од англиско семејство во 1918. Имал своја детска соба, одел на школо и сакал чај и пиво. Исто така бил - горила.

Проект „Читаниот Пруст“: повеќе од 4000 страници, 57 години

Од Бали до Париз, читателите во големиот проект „Читаниот Пруст“ се снимени во спални соби, канцеларии, супермаркети, фабрики и козметички салони, како читаат делови од „Во потрага по загубеното време“. Проектот ќе биде комплетиран во 2050, 57 години откако е започнат.

Како мозокот реагира на убавина

Научниците се во потрага по невралната основа на енигматичното искуство, кое нè исполнува со восхит и задоволство.

„Соништа“ - документарец за моќта на волјата во време на неволја

На 30 јануари 1969, во тешка година за бендот, Битлси ненајавено изведуваат концерт на покрив во Лондон.
На 30 мај 2020, во година обележана со пандемијата, неколкумина пријатели со фамилиите и комшиите се собираат на свирка на сличен покрив во Ниш. Целиот потфат останува забележан на камера.

„19 мај“: првата терористичка група формирана и раководена од жени

Нова книга на историчарот Вилијам Росно (William Rosenau) ја истражува радикално левичарската група формирана во 1970-тите во САД, позната под кратенката М19.

Омилената песна на Одри Хепберн

Пол Дезмонд, оригиналниот саксофонист од квартетот на Дејв Брубек, бил заљубен во Хепберн. Ѝ посветил песна, но никогаш не дознал дали воопшто ја имала слушнато.

Кога издавачите го пиратирале Волтер (а и тој самиот себеси)

Нова книга под наслов „Пиратирање и издаваштво: трговијата со книги во добата на просветителството“ од Роберт Дарнтон, раскажува за начинот на кој функционирале овие бизниси во 18 век. Не само што издавачите пиратирале, а книжарите биле соучесници во истото, туку некои автори се пиратирале и самите себеси.

Јутјуберка стана книжевна ѕвезда во Франција и ги разбесни „сериозните“ писатели

На нашки би можела да се вика Ленче Ситуација (Léna Situations), има 23 години и во текот на пандемијата собра милиони следачи на социјалните мрежи. Сега стана и бестселер автор, предизвикувајќи остри реакции кај парискиот книжевен свет.

Карпа од 200 кила: скандалот со сценскиот работник што сакал да си го убие колегата

Звучи како сценарио за трилер, но всушност е вистинска приказна која треба допрва да добие судска разрешница.

Првата дама која станала претседател на САД во сенка

Неофицијално, Америка веќе имала нешто што може да се нарече Прва дама - претседател. Барем според некои историчари и биографи на контроверзната жена за која станува збор - сопругата на Вудроу Вилсон.

Кликајте „приклучи се“, јас и мртов држам час

Масовната онлајн настава изроди различни нуспојави, од плунка на камера (за да биде заматена кога се испрашува) или со измислување креативни прекари („Connecting..", за да изгледа дека има проблем со интернетот). Но ова е малку порадикално.