Bookbox

Кога се пушел џоинт од сушени банани

Гласината дека корките од банана би можеле да го имаат истиот халуциноген ефект како и марихуаната почнала да се шири во американските алтернативни списанија од 1960-тите. Обидите се покажале неуспешни, но бананите едно време се трошеле ко луди.

„Несонувани брегови“: жените кои ја промениле антропологијата

Преземале физички ризици и опасни патувања, но првите професионални истражувачки од областа на антропологијата дополнително наидувале на сопки од нивните машки колеги дома. Една од нив се самоубила, две завршиле во лудница.

Koja е мајката на Кузма?: деликатната улога на преведувањето

Дали Хирошима би била бомбардирана ако јапонскиот содржеше израз со значење „без коментар“? Дали е во ред мисионерите да заменуваат „бело како снег“ во Светото писмо со „бело како печурки“ на места каде што снегот никогаш не паѓа? Кој, или што е мајката на Кузма, и зошто Никита Хрушчов бил опседнат со неа?

Брајан Ино има ново радио шоу

Кога во 2013 Ино на некакво предавање го прашале како знае кога некое парче музика на кое работи е завршено, одговорот бил: „Кога ќе дојде рокот“. Но притоа спомнал и дека има над 200.000 (!) необјавени траки. За разлика од други музичари кои чекаат истите да бидат објавени постхумно (или можеби мислат дека ќе живеат вечно, како Кит), Ино има поинаков план.

Перуанци поставиле на место 500 години стар мост уништен за време на пандемијата

Перуанци од регионот Куско повторно изградиле пет века стар висечки мост, користејќи традиционални техники на ткаење, за да можат да ја преминат опасната река Апуримак.

Пијанството како основа на цивилизацијата

Нова книга ги истражува забавните еволутивни корени на интоксикацијата. И тврди - и покрај сите бељи што ги има направено алкохолот, тој ни е потребен како на вид. 

Уметник го слави учеството на Шкотска на ЕП со шарени фудбалски топки

Додека се фарбаат личат на бомбици прелиени со шарен сос. Инсталацијата на фудбалски топки на еден шкотски уметник е посветена на пласманот на неговиот национален тим на ЕП, прв пат по цели 20 години.

Модата на шпицерајќи виновна за деформирани стапала во средниот век

Ексцентричните средовековни чевли со долги шпицести врвови, до доцниот 14 век толку ги деформирале нозете на неговите поданици, што англискиот крал Едвард морал да донесе закон - шпицот да не смеел да биде подолг од 5 сантиметри.

Од каде болеста „рак“ го добила своето име?

Ракот секогаш бил замислуван како алчно суштество кое зграпчува и каса со своите клешти. Хипократ се смета за првиот кој според него именувал и болест - karkinos или рак, затоа што „неговите вени се исполнети и се протегаат наоколу како нозете на истоименото животно“.

Гробот кој важи за „најсекси“ во светот

Два збора во насловот - „гроб“ и „секси“ - некако не одат заедно, но оваа предрасуда паѓа во вода кога е во прашање последното почивалиште на еден француски новинар.

Иницијатива за замена на „империја“ со „исклучителност“ во високите британски признанија

Велика Британија доделува титули, медали и признанија кои го содржат терминот „империја“. Во тек е обновен повик овој термин да биде избришан поради „штетите и траумите“ предизвикани од империјализмот.

10 романи кои се случуваат во само еден ден

Се викаат „циркадни“ романи, затоа што нивното дејство се одвива во тек на 24 часа. Некои се славни и познати, други звучат вредни за откривање.

Mладиот Кафка имал талент за цртање

Самиот не си ги ценел, но цртежите на младиот Кафка покажуваат склоност кон естетски минимализам, кого понатаму го негувал и во своите книжевни дела. 

Kласичарот кој го „убил“ Хомер истражувајќи низ Југославија

Приказната за делото и трагичниот крај на животот на Милман Пери може да биде еп самиот по себе. Тој е значаен не само за класичните студии и проучувањето на Хомер, туку и како етнограф кој ги регистрирал епските песни на гусларите од некогашна Југославија.

Пастила: омиленото колаче на Достоевски

Личи на нешто како тесто од пуслица, ама направено од пире од јаболки. Пуфкастото благце било вообичаена придружба на аристократските чајанки во Русија. До скоро рецептот беше заборавен, но сега почнува да се враќа на трпезите.

Њујорк Тајмс објави па повлече статија за лубеници на Марс

Неодамна објавивме статија за нова теорија за потеклото на лубеницата. А непосредно потоа ја видовме и првата џиш-црвена полутка во блиската пиљара. Така умот неделава ни стана лубеницо-ориентиран. Кога ја видовме оваа статија во Њујорк Тајмс мислевме дека нешто ни се причинува.

Восочни чуда: жената од 18 век која изработувала совршени анатомски модели

Во 1762 една госпоѓица му испратила на данскиот крал необичен подарок - совршено прецизни восочни модели на човечки органи.

Со јазиците изумира и знаењето за лековитите растенија

Губењето на лингвистичкиот диверзитет може да доведе до исчезнување на знаења за древни лекарства и состојки, кои науката допрва треба да ги открие.

Како изгледа балетска кореографија со намерни грешки?

Секој кој присуствувал на аматерски (и не само на такви) балетски претстави каде се случиле некакви грешки, ги забележал: доцнењата, сопнувањата, несинхронизираноста, па дури и паѓањата. Сите тие овој пат се намерно вградени во смешна кореографија под име „Концерт: опасноста од сите“.

Британска писателка си ги запали книгите како протест против начинот на нивно рекламирање

„Апсолутно ги мразам фините домаќински реклами на позадината на моите новопечатени книги“, твитна наградуваната британска авторка Џанет Винтерсон. Под твитот е фотографија на мал куп книги во мек повез, како горат.

На колку луѓе би требало да им кажеме „фала за кафето“?

Кога денес ќе го пиете домашното кафе, или ќе го купите во парк од оние шанкчиња, дали ќе помислите како тоа стигнало до таму? Еден човек одлучил да ја следи трагата - од зрното кафе на нечија плантажа, до локалната кафетерија, и на сите да им се заблагодари за истото. 

Како пандемијата ги направи фонтовите по „мили“

Сеизмичките историски настани можат да ја насочат креативноста во нови правци. Допрва ќе се види што ќе изроди актуелната пандемија, но едно е веќе јасно и се однесува на типографијата и фонтовите.

Нова теорија за потеклото на лубеницата

Како подготовка за сезоната на сочните карпузи, ново истражување за неговите диви предци.