Во 1960-тите голем број писатели, издавачи и читатели ги сметале андерграунд списанијата како алтернатива на мејнстрим изворите на вести или „надземниот печат“. Тие ги покривале војната во Виетнам, расизмот и младешкиот отпор и се гордееле со своето „објективно известување“.
Но голем дел од успехот на овие весници произлегувал дека од тоа што авторите во нив биле дел од контракултурата. Сакајќи да одбегнат лажни вести и пропаганда ширени од мејнстрим медиумите тие запаѓале, иронично, во слична стапица, печатејќи непроверени гласини.
Така се проширила „Големата измама на бананата“. Пролетта 1967 во повеќе андерграунд весници се појавил рецепт за пушење кори од банана. Тие требало да се замрзнат, да се блендираат во каша, да се испечат на 200 степени, да се смотаат во цигара или да се стават во луле. Ова требало да произведе чувство слично на пушење џоинт.
И покрај отсуството на какви и да е научно идентификувани психотропни ефекти, пушењето кори станало национален феномен, а бананите симбол на контракултурата. Објавувањето на антологиската корица на албумот на Велвет андерграунд и Нико со бананата коинцидира со ширењето на рецептот, бидејќи тој е издаден токму во март 1967.
Целата работа траела неколку месеци, а потоа преминала во шега. Веројатно највидливиот момент на пушење банани се случил на Велигден во Њујорк на фестивалот Хјуман Би-Ин кога помеѓу 10.000-те присутни имало такви кои мавтале со амблеми на брендот банани Чикита, давале заклетва на бананата („една нација, под една Банана, слобода и правда за сите“) и правеле банана поздрав (со средниот прст нагоре).
Иако денес звучи како шега, Големата банана измама не е без значење. Таа покажува колку биле влијателни андерграунд списанијата и весници во доцните 1960-ти. И колкава е потребата луѓето да поверуваат во нешто што им одговара - дека можат да се „напраат“ од една обична корка банана.