До крај на август посетителите на Марибор, кој оваа година заедно со португалскиот град Гуимарес ја носи титулата европска престолнина на културата, можат да користат услуги на „интелектуални проститутки".
Стереотипно, писателите сакаат да си пијат, ама па не бива и да не поткаснат. Освен што рецептиве им звучат доста вкусно, интересно е да се читаат и како парчиња литература. На крај од нив ни фали едно „мх-мх, како ни испадна..“.
Некои спортски звуци се незаменливи: оној ритмичниот на пинг-понг топчињата, електронскиот сигнал пред почетокот на пливачките трки. За тие да бидат јасни и гласни си има занимање - официјален тонец на Олимпијадата.
Книгата „Фрагменти: песни, интимни белешки и писма", посветена на помалку познатите детали од животот на најпознатата русокоса, откриваат голем јаз меѓу нејзината јавна личност и ранливата, чувствителна приватна Мерлин. Особено песните, кои се сочувани во ракопис.
Во 1957, кога имал 18 години, идниот милијардер и основач на Си-ен-ен, Тед Тарнер, му кажал на татко му - билборд магнат - дека сака да студира класични јазици на Универзитетот Браун. Татково, во очај, му го испратил следново писмо.
Пред некое време ги објавивме 22-те совети за раскажување приказна на Ема Коутс, сториборд уметник во Пиксар, ама еве ги повторно, овој пат „зипувани" и прикажани со Лего фигури. Вака илустрирани не верувам дека некогаш ќе ги заборавите.
„Демсон Дин“ во Езерската област во Англија, хотел кој се рекламира како совршена дестинација за „мирно бегство", крена џева откако во сите соби ги замени изданијата на Светото писмо со малку поинаква литература.
Џеф Рагсдејл, стенд-ап комичар од Њујорк, по раскинувањето со девојката западнал во тешка депресија. По едно време се прибрал, и напишал оглас со следнава содржина:
Националниот совет за наука ја прифати иницијативата на хрватските друштва на писатели, во рамките на националната академска заедница да се воведе ново звање - дипломиран писател, како и степени за напредување во таа академско-писателска кариера.
Транскрипт од Jammin' in New York, албум во живо снимен 1992 во Медисон Сквер Гарден пред 6,500 луѓе, кој доби Греми за најдобар говорен албум од областа на комедијата. Иако, како и многу други работи што ги има кажано Карлин, ова е повеќе поучно отколку смешно.
Книгата на Патрик Венсинк „Расипан клавир за претседател" има необично позната насловна. Толку позната, што компанијата која го произведува познатото виски му испратило предупредувачко писмо на неговиот издавач.
Кога Кенет Брана, познатиот актер и режисер на Шекспировите драми, неодамна добил писмо дека ќе биде одликуван од кралицата, мислел дека се работи за известување за сообраќаен прекршок.
Градоначалникот на Лондон на специјалното отварање за Меѓународниот олимписки комитет, кое ќе се случи денес (понеделник) вечер, ќе рецитира. И тоа двојазично - на англиски и на старогрчки.
Модерна варијанта на познатата приказна во која тројца браќа се обидуваат да излезат на крај со наследството од вујко им и суровата реалност на пазарот со недвижнини.
Група млади ентузијасти од просторите на бивша СФРЈ одлучила повторно да ја оживее програмата на Југословенската радио телевизија. Емитувањето ќе оди преку интернет, најпрвин како радио, а подоцна и како телевизиска програма.
Не сум сигурна која е просечната возраст на нашите читателки. Но овој текст е за сите генерации. За помладите како предупредување и поука, за постарите и оние на кои им наближува роденденот, како - утеха.
Песна од некој британско-ирски „бој бенд", изведена со креативна употреба на пијано - оние кои досега не знаеле дека тоа е жичан инструмент, после ова нема да имаат дилема.
Не дека не помислив на вакво нешто кога почнавме со Букбокс размената, но нерадо се откажав, замислувајќи што сè може да се случи со една ваква благородна идеја, на улиците на Скопје. Едно само ме мачи - што е тоа што прави ваков проект да е можен на бројни места низ Америка, а да не е можен кај нас?
Она што луѓето го прават во филмовите главно го прават и во животот: мечтаат, се сакаат, плачат, се радуваат, се убиваат. Затоа, не е работата во тоа што, туку како филмот ни ги прикажува овие нешта. Така за да нè замисли, и да нè направи подобри.