„Куќата од тули"

Нова филмска верзија на „Трите прасиња"

Модерна варијанта на познатата приказна во која тројца браќа се обидуваат да излезат на крај со наследството од вујко им и суровата реалност на пазарот со недвижнини.

Во јануари неколку пријатели собрани под името Pocket Full of All Stars објавија повик на интернет за собирање средства - скромни 7,500 долари со кои би го снимиле филмот. Собраа 10,288, и навистина го снимија.

Бројните коментари на трејлеров, со кои се согласуваме, главно се фокусираат на тоа дека браќава баш и не морале буквално да бидат маскирани како прасиња за нарацијата да биде препознатлива. Ама останатото, особено со оглед на минималниот буџет, ветува.

23 јули 2012 - 08:35