„Го отворив писмото напишано на многу архаичен јазик, кое почнуваше со 'во најголема дискреција' (напишано со огромни болдирани букви и подвлечено), потоа нешто на-на-на, за да заврши со 'ќе ви ја додели витешката титула'. Ве молиме штиклирајте „да" доколку се согласувате, и испратете ни го формуларот назад" - вака го опишува Кенет Брана денот кога дознал дека ќе биде витез.
Во писмото уште пишувало дека тој нема да биде контактиран до утрото на денот на роденденот на кралицата, кога ќе биде издадено и официјалното соопштение, што го направило мошне нервозен бидејќи не бил сигурен дали неговиот одговор воопшто пристигнал. Иако официјалната церемонија се уште не се случила, тој веќе пред името има „сер", а почнуваат да пристигнуваат и совети од колеги кои биле одликувани - Мајкл Кејн и Роџер Мур го предупредиле да си побара „клечало" со рачка, бидејќи Мур, кој имал болно колено, не можел да се подигне на крајот од обредот. Што се однесува до мечот, засега кралицата никому не му отсекла уво, ама според Брана не е ништо чудно тој да биде првиот.