Видео есеј

135 кадри кои ќе ви ја вратат вербата во филмот

Она што луѓето го прават во филмовите главно го прават и во животот: мечтаат, се сакаат, плачат, се радуваат, се убиваат. Затоа, не е работата во тоа што, туку како филмот ни ги прикажува овие нешта. Така за да нè замисли, и да нè направи подобри.

Во Flavorwire избрале 86 филма од нивните омилени и од сугестиите на читателите, и составиле видео компилација од најдобрите моменти во нив. Ги има тука и „Граѓанинот Кејн", и „Последниот кинески цар", и „Небото над Берлин" и „Соларис", и „Разјарениот бик" и „Бразил". Целиот список тука.

19 јули 2012 - 10:08