Денис Бакстер е тон инженер на Олимписките игри од 1996. За да сфатите колку е важна неговата работа, еве како звучеле игрите пред него, и споредбата со денес.
СТРЕЛИЧАРСТВО
Во клипчето од 1988 единствено по што евентуално можете да познаете дека се работи за стреличарство е удирањето на стрелата во метата („туп"). Бакстер сакал да го смени тоа. „Како дете го гледав Робин Худ, и таму имаше еден хипер-звук на кој се сеќавам...токму тоа сакав да го постигнам, да се чуе звукот на стрелата во лет". Така, тој поставил четири микрофони на земјата по патеката на стрелата, и го снимил нејзиниот звук.
ГИМНАСТИКА
Првиот клип е славниот момент во Олимписката историја: романската гимнастичарка Надја Команечи добива совршена 10-ка за нејзината изведба. Но единственото нешто кое го слушаме се спикерот и публиката. Но во 2008, секое движење на спортистот (во случајов Британката Бет Твидл) е совршено регистрирано со звук. Бакстер поставил микрофони на секое ќоше од двовисинскиот разбој - идејата, вели, била „слушателот да може да ги затвори очите и точно да знае што се случува".
ВЕСЛАЊЕ
Сè почнало кога шефот на Бакстер го повикал во 1996 при пренос на веслачките натпревари да му каже дека не можел ништо да чуе освен моторите, мотроните чамци во придружба и ТВ хелихоптерот. Така, тој зел подвижен снимач, прошетал покрај езерото, и ги регистрирал звуците на неколку од чамците кои тогаш тренирале, и звуците ги вметнал во идните преноси.
„Некои мислат дека тоа е мамење. Ама звуците се таму, само не баш во тој момент. Заради законите на физиката, еден звук маскира друг. Така, кога ќе го видиш веслачот, веднаш мислиш дека треба и до го чуеш. Тоа е и она што го овозможуваме"