
Планот е едноставен: Самсунг ќе произведува таблет уреди, преку кои учениците од интернет ќе го симнуваат целиот материјал кој им е потребен. Ако се земе предвид дека таблетите нудат и можност на пишување белешки, на младите Јужнокорејци наскоро веројатно нема да им требаат ни тетратки.
Една од предностите која ја нуди дигитализацијата на школскиот систем е можноста за следење на наставата од дома. Ако е детето болно (или само бега од часови), преку таблетот ќе може, а богами и ќе мора, да го симне целиот материјал кој неговите соученици ќе го поминат тој ден, а на истиот начин можат да се читаат книгите за лектира, да се пишува домашно и сè што вообичаено се прави на хартија по училиштата. Единствено што не ни е јасно е како децата ќе си дофрлаат меѓу себе онакви ливченца со пораки првата и последната клупа - ќе треба да смислат некои потрошни лесноподвижни таблети-чиња за оваа намена.