Во моментов на нивната фејсбук страница е отворен конкурс за волонтерска работа, а се бараат дописници од сите бивши републики. Она што засега може да се види е редизајнираното лого на некогашната телевизија и кратка ТВ шпица.
Освен репризи на „Надреалистите" и „Хит месеца", ретро реклами и снимки од слетови, тешко можеме да замислиме што би можело да опстане како долгорочен концепт и притоа да не се распадне, како и самата бивша држава. Ама ај да видиме. За некаква верзија на „Иселенички џубокс" сигурно ќе има доволно материјал.