Bookbox

„Не читај книги!" - зен песна од 12. век

Иронично е во рубрика која се вика Букбокс да објавуваме песна против читањето книги. Но во случајов не е важно против што е песната, туку за што е за.

Машина за чукање која претвора реченици во звук

Додека технолошкиот напредок незапирливо влече на една страна, ретро ентузијасти се обидуваат да искажат почит кон старите направи, со тоа што ги спојуваат со новото и ги пренаменуваат. Ова е една таква машина за пишување, претворена во музичка кутија. 

Најгласниот збор во рокенролот

Не е ни именка, ни глагол, ни придавка, туку е - член. Англиското "The" пред имињата на бендовите речиси еден век од нив прави сериозна институција.

Војната меѓу Амазон и Aшет: кој продава, а кој создава книжевна култура?

Веќе подолго време во издавачкиот свет се води вистинска војна помеѓу Амазон и еден од најголемите европско-американски издавачи Ашет (Hachette). Ако на почетокот и не беше баш најјасно во што се состои конфликтот, сега веќе е - дека не се работи (само) за натегање околу пари.

Дали сте „мажјаснувач“?

Еден англиски збор којшто беше сосема нов во 2008, шест години подоцна влегува во Оксфордскиот онлајн речник. Ако потрае неговата употреба, како и појавата која ја опишува, неговото место во сите идни изданија на речникот е загарантирано.

Песна на Коен во слајдови

Како да сведеш стихови на статистика, дијаграми, булети и слајдови? Направи Пауер Поинт од неа - гарантирано ја одзема магијата дури и од најпоетичната изјава.

Необичната поврзаност помеѓу Витман, Валас и Вилијамс

Дејвид Фостер Валас, еден од најиновативните американски писатели на 20. век, си го одзеде животот со бесење во 2008. Во 2014 истото тоа го направи славниот Робин Вилијамс. Освен трагичната судбина, нив ги спојува и еден поетски лик - оној на Витмановиот капетан.

Како да се пушташ на книгољупци?

Инспирирани од сличен пост на Базфид, направивме наши верзии. Искористете ги во некоја прилика, сигурни сме дека ќе ни бидете благодарни. 

Апликација за чукање на машина на Том Хенкс

Hanx Writer го симулира искуството на старите машини за чукање, но го oлеснува и го забрзува како да пишуваш на Ајпад. Хајлајц: прави ШК-ШК, ЅИН и ФТ-ФТ.

3-Д печатени книги за деца со нарушен вид

„Добра ноќ месечино" е тн. „тактилна" сликовница, во која сите слики - часовници, глувчиња и куќички - се рељефно испакнати, овозможувајќи со допир лесно да се детектира нивната форма.

„Љубовниот тепих" на Хемингвеј

Денешните стандарди за убавина велат дека згоден маж е оној чии гради се тасма депилирани. Но во времето на Хемингвеј да му кажеш некому дека не е доволно влакнест било удар по неговата машкост. Кога истото било поврзано и со критика на нечиј книжевен стил, тогаш тоа станувало причина за физичка пресметка.

Зошто е тешко да си сам свој коректор?

Чувството го знае секој оној кој манично се труди да нема грешки во неговите текстови. Го ц'цкаш, го препрочитуваш, и го објавуваш сигурен дека не ти се измолкнала ниту една буква. Но првиот читател веднаш ја забележува грешката за која ти при очи си бил слеп.

Што гледаме додека читаме?

Пред некој ден пишувавме за „слушањето гласови" додека се чита. Но што е со гледањето слики? Еден познат дизајнер на корици го истражува ова прашање во книга со токму таков наслов.

Ноќна прошетка низ Тејт со робот

Од утре, 13-ти август, па во следните пет вечери, со логирање преку интернет ќе можете да талкате низ галериите на британскиот музеј, контролирајќи еден од четирите роботи.

Трагичниот лик на комичарот

Случајот на самоубиство поради депресија, што во моментов се наведува како најверојатна причина за смртта на славниот актер, е повод да се потсетиме на старата вистина - дека исцртаната насмевка на лицето на кловнот, всушност ја крие неговата тага.

Дали слушате гласови додека читате?

Едно неодамна започнато истражување ќе се обиде да даде одговор на тоа дали и како читателите го слушаат она што го кажуваат ликовите во книгите. Ако и вам ви се случува ова (а немојте да кажете дека не, затоа што тогаш ќе се чувствуваме чудно) одговорете на прашалникот и учествувајте во него.

Сликовница за џез музичарот кој тврдеше дека е од Сатурн

Музички визионер кој мислел дека е вонземјанин, човек кој самиот себеси се нарекол според египетско божество - на стогодишнината од раѓањето на Сан Ра многумина му ја оддаваат заслужената почит. Меѓу другото и со објавување книга за деца за неговиот лик и дело.

40 години од подвигот на „Човекот на жица"

На денешен ден, 7. август, пред точно четири децении, Филип Петит се прошета на жица оптегната помеѓу покривите на двете кули-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Зошто? За да покаже дека може.

Односот на Њујорк Тајмс кон американскиот сленг

Замислете колку би било цепки кога за секој употребен сленг на сајтов би ви нуделе и негов превод на литературен македонски. Епа токму тоа постојано го прави Њујорк Тајмс, и тоа во последниве 150 години.

2,600 години културна историја во 5 минути

Најнов производ во една област која доживува подем - визуелизација на комплексни бази податоци. Во случајов се работи за мапирање на местата на раѓање и умирање на битни културни фигури кои, иако се работи за распон од повеќе од два милениума, како да следат една иста шема: кај и да се селат, не се оддалечуваат многу од дома.

Калемењето како уметност

Сам Ван Акен работи на нешто кое на прв поглед делува како проект од областа на генетскиот инженеринг: дрво кое во себе содржи 40 различни типови овошки. Сепак тој не е ниту земјоделски инженер, ниту генетичар, туку - уметник.

Луѓето кои доаѓаат на културни настани само за да ќарат нешто гага

Ги знаете кои се, можеби и по име. Доаѓаат на културни настани, јадат, пијат, си земаат нешто и за дома во ќесички, буквално се грабаат за што и да се дели (книги, маици) и никогаш не сте на чисто кои се всушност овие луѓе. Еден фотограф од Чешка решил да ги овековечи на фотографии. 

Обележувач на страници кој ве потсетува да читате

Таман сте почнале да читате, нешто ви го одвлекува вниманието, и следните неколку денови (месеци, години) книгата останува осамена и нечепната, чекајќи да се сетите на неа. Е нема веќе така!

Режисерско деби на Спрингстин

Брус, во соработка со Том Зимни, кој последниве 14 години прави спотови и документарци за Шефот, го обелодени својот режисерски првенец - краток филм за една од песните на неговиот последен албум.