Замислена е од истражувачите на Универзитетот Колорадо, а креирана во рамки на Tactile Picture Books Project, заедно со уште неколку 3-Д печатени верзии на познати детски книшки. Секако, и претходно постоеа сликовници на допир. Но сега тие се издигнуваат на ново ниво со помош на технологијата на 3-Д печатење, кое овозможува брзи, прилагодливи и скулптурирани верзии на 2-Д книги. Возможни се дури и печатења на мал број копии по порачка, на која и да е сликовница која веќе постои во „обична" форма.
Овие книги се наменети пред сè за децата со нарушен вид, но може да ги користи и кое и да е друго дете на кое тие би му го привлекле вниманието. А кој би можел да одолее на приказна која ја чувствуваш под прстите?