Bookbox

Како изгледа животот отарасен од предмети?

Книга на двајца пријатели кои еден ден решиле да си го постават прашањето: „Што ако се отарасуваш од еден предмет - само еден - од твојот живот, секој ден во месецот?“. Резултатот е толку добар, што наскоро почнуваш да размислуваш како да се ослободиш од сè што ти е товар. Вклучително и од напорни и лоши луѓе.

Како изгледа светот низ очите на еден физичар?

Oд тоа како да направиш совршени пуканки до ЦЕРН и ХААРП, физиката да ти била важна работа во животот. Да знаевме, навреме ќе обрневме внимание. Затоа што светот изгледа поживописно во очите на еден физичар. А и ние сакаме од тие дроги.

Селфито на Тито

Вчера, 24.5, во Кумровец беше отворена изложба „Фото-Тито", збирка аматерски фотографии на другарот и претседател. Meѓу неколкуте очигледни варијации на еден ист мотив (Јованка, пудлици, Крлежа), човекот сакал и самиот да си се слика. 

Кириле, не се опуштај!

Си повторуваме бисери од студентски семинарски за да им честитаме на оние генерации што успеаа да станат луѓе, и оттаму да потсетиме на важноста на просветителската мисија. Која не е лесна, но понекогаш е страшно забавна.

Дали мислењето на странски јазик влијае врз моралните ставови?

Дали би убиле еден човек за да спасите петмина? Would you kill one person to save five? Психолозите велат дека одговорот на ова прашање може да зависи од тоа на кој јазик ви е поставено. 

Премиера на документарецот за Роџер Еберт во Кан

Нешто повеќе од една година од смртта на веројатно навлијателниот филмски критичар на сите времиња, Роџер Еберт, трејлер за документарец за неговиот ведар лик и остро перо.

Оркестар со човечки лик

Соочени со закани за затворање на работни места и намалување на платите, членовите на славниот оркестар Метрополитен почнаа да го полнат својот сајт со занимливости и човечки приказни, обидувајќи се на тој начин да го привлечат вниманието на јавноста. Засега успеваат во тоа.

150 нови зборови во Меријам-Вебстер

Меријам-Вебстер ги најави најновите дополнувања на нивниот популарен Collegiate Dictionary, главно со термини од сленгот и од областа на технологијата. Нам најдобар ни е Turducken - три животни едно во друго, што се јадат.

Олеснување

На 18. мај по кратко боледување почина еден од основачите на белградско „Време". Од самиот почеток тој во него ја уредуваше редовната рубрика „Време на уживање", во која понекогаш објавуваше и свои текстови. Еве еден од нив, во кој тој, освен што се покажува како ерудит за прашањата на древниот Рим, зборува за едно од врвните човечки уживања - да се „олесниш" кога ти е најмногу потребно.

Дојди книго на перниче бело

Ако после статијава ви се приспие не сме ние криви. Ако пак ви се присака да прилегнете, за нешто да прочитате, тогаш сме.

Слатко-горчлива изложба во рафинерија за шеќер

Свинга која личи на египетска но е целата направена од шеќер. И скулптури на црни момчиња од карамела со големи кошници во рацете. Звучи слатко, нели?

Уметници отворија човечка зоолошка градина во Осло

Вчера, 15. мај, во Осло е отворена човечка зоолошка. Онаква каква што на истиот ден, сто години претходно, отворил норвешкиот крал, а ја посетиле 1.5 милиони жители на тогашна Норвешка. Нивните потомци никогаш не чуле за ваквиот настан.

Oргија во велшката опера

Како да го претставиш ремек-делото на Шенберг, кое се смета за една од најтешките опери и за слушање и за пеење, а салата да не се испразни во првите пет минути? Ќе го искористиш старозаветното либрето, и некаде на средина ќе ставиш оргија со хор со 80 души.

Нова песна на Дилан

На сајтот на Дилан се појави нова песна - преработка на „Полна месечина и празна прегратка", чија најпозната верзија е онаа на Синатра од 1946. Но нејзината основа всушност е во класичната музика.

Зошто сите книги за Африка имаат иста корица?

Кога едно исто визуелно решение се повторува тоа може да е резултат на мрзливост и некреативност. Но кога има најмалку 36 речиси исти корици за книги кои доаѓаат од Африка или зборуваат за неа, тоа е можеби сигнал дека тука станува збор и за нешто повеќе.

Документарец за Кристофер Хиченс

Не е некој високобуџетен документарец, туку повеќе трибјут од час и половина направен од почитувач на ликот и делото на Хиченс, кој не можејќи да најде асолен филм за неговиот херој, решил да си го направи самиот. 

Почина Ханс Рудолф Гигер

Швајцарскиот надреалист почина на 74 години, по пад од скали. Беше претставник на таканаречениот „биомеханицистички" стил, и креатор на познатото чудовиште од филмот на Ридли Скот. Oна од кое некои од нас не можеа да спијат навечер.

512 - нов проект на Абрамовиќ во Лондон

Слично како и во „Уметникот е присутен“, и тука таа ќе биде затворена во галерија со денови, среќавајќи се со публиката. Но овој пат без предмети и електронски апарати, за комуникацијата да биде поинтимна. Ја замисливме во Музејот на националната борба, како се обидува да извлече солза од восочните фигури. 

Да им помогнеме да снимат краток филм во Македонија

Продуцентката е Македонка која неколку години живее во Франција. Режисерот е дечко од Тексас, и не е каубоец. Тие сакаат да снимат приказна која звучи баш фино, и да ја снимат во Скопје. Сега собираат пари за тоа да се случи.

Кончита и контроверзноста на женската брада

Во муабетите околу ликот и делото на Кончита Вурст сигурно имаше елементи и на хомофобија и на трансфобија. Но кога сè ќе се сведе, неговата/нејзината сексуалната ориентација и „вистинска" полова припадност всушност беа второстепени. И претходно имаше трансвестит на Евровизија, па никој не крена толкава џева. Целата разлика овој пат ја направи - брадата.

Колективно пишување сонет онлајн

Ако е точно дека мајмуни кои случајно типкаат на тастатура би можеле да го напишат целокупното творештво на Шекспир, доколку имате доволно банани за да ги храните додека не успеат во тоа, зошто луѓе на интернет не би можеле да состават сонет од 14 стихови за 14 недели? Едно списание покренува токму ваква акција.

Готвачки тренд - храна која раскажува приказна

При последното „Јадење книги" Трендо ни се закани дека догодина ќе ни направи контра-фестивал, „Читање храна", на кој луѓе ќе јадат и ќе споделуваат во кои приказни ги носи таа. Излегува дека тоа, колку и да звучи потешко изводливо, сепак се прави, а овој тренд си има и свое име - story food, или храна-приказна.

Зборовно порно

Oткако пишувавме за злоупотребата на зборот „порно" како опис на различни возбудливи човечки активности кои немаат директна врска со секс (од градинарство до храна), почнаа да ни пристигнуваат голем број други примери. Фосилно порно (не е тоа што мислите), гробно порно (исто така), фрактал порно...И меѓу нив - зборовно порно.