Bookbox

Првиот официјален Мајнкрафт „роман“, кој повеќе личи на прирачник за самопомош

Играта која започна како примитивен аплет во 2009 денес е втората најголема видео игра на сите времиња. Мајкрософт, кој во 2014 плати 2.5 милијарди долари за да ја купи Мајнкрафт од Можанг, вели дека доколку 107-те милиони луѓе кои купиле копија формираат народ, тој би бил 12-тиот најброен на планетата.

Како тиранијата на социјалните мрежи го менува интелектуалниот пејсаж

Дури и со години да имате само 12 пријатели на Фејсбук, и да не се занимавате секојдневно со Твитер, од време-на време ве совладува горчливо чувство - зошто голем број од нас се однесуваат како дигиталниот простор да е нивен феудален посед, правдајќи се со бранење некаква кауза?

80 години од изложбата на „Дегенерирана уметност“

На 19 јули 1937, во организација на Адолф Циглер и нацистичката партија, во Минхен бил организиран настан на кој биле претставени 650 уметнички дела. Нивниот заеднички именител - дека тие всушност не се уметност, туку дела на дилетанти кои го навредуваат чувството за убаво.

Разбивање табуа: прв сексуален прирачник за муслиманки напишан од муслиманка

Дали жената може и треба да биде задоволна во брачниот кревет, а сепак да остане доследна на верските поуки? Прв ваков водич напишан од муслиманка се обидува да одговори на ова прашање.

Џејн Остин не е за шмизли

„Никогаш не прифаќај помалку отколку што заслужуваш, заложи се за луѓето што ги сакаш, следи си го срцето“ - ова не се совети од некоја современа феминистка, туку од жена која пред повеќе од два века знаела нешто за човечката психологија, која не се менува толку лесно.

Валканото е добро за деца

Не ги пуштаме децата да играат во кал, ги давиме во антибактериски препарати, ги чуваме под стаклено ѕвоно. Тие пак развиваат алергии, астма и егземи. Аман, оставете ги раат нека се валкаат, повикува нова книга на темата.

Феноменот на „немртвите“ и човекот кој ја инфицираше поп-културата со него

Вчера, 16.7, на 77 години, почина Џорџ А. Ромеро, режисер на aнтологискиот „Ноќ на живите мртовци“. Но иако повеќето некролози го слават како филмски автор, тој е многу повеќе од тоа - изумител на феномен кој ја инфицираше целата поп култура со идејата за воскреснувањето која, за разлика од онаа христијанската, не носи ништо добро.

Кога робот ќе биде добитник на Струшкиот венец?

Дали машина која (засега) не е способна за емоционални доживувања може да напише поезија која ја трогнува душата? Морничаво е да се признае, ама изгледа дека е доста блиску.

Мрачната привлечност на онлајн-тестовите

„Која светска метропола сте?“. „Кој тип италијанска паста?“. Ваквите тестови кои често знаат да искрснат на Фејсбук и наивно да бидат кликнати од досада, всушност не се толку наивни. 

Горчливата приказна за шеќерот

Сите оние кои се ставиле на некоја од диетите кои се во моментов „ин“ - хроно, протекали, прашоци од сурутки - го знаат она чувство на поетски копнеж во првите денови кога се „симнуваш“ од шеќер. Ама долгорочно изгледа борбата со самиот себе се исплати.

„Шерифот“ на Боб Марли е песна за контрацепција?

Последниве неколку години терминот „усна историја“ се прелеа од сферите на етнологијата, антропологијата и историјата во популарната култура. Па има усна историја на Саут парк, на Терминатор, на порното, и што уште не. Нова книга со овој термин во насловот се однесува на ликот и делото на Боб Марли.

Научниците складираа подвижни слики во бактерија

Најпрвин известивме дека научниците од Кембриџ успеале да ги сместат сите 154 сонети на Шекспир во човечка ДНК. Потоа дека истото го направи и Мајкрософт, само со „Војна и мир“. Најново е дека истражувачи од Харвард за прв пат успеаа да креираат жива библиотека, вградена во бактерија која на човека му е позната по неубаво.

Зошто за монотоно поминат одмор е сеедно дали трае три дена или две недели?

Во нас има две јаства кои имаат конкурентни сфаќања за среќата. Едното инсистира да му е убаво во психолошката сегашност. Другото е склоно да сумира, и својата проценка на задоволство да ја врши во ретроспектива. Важните одлуки (за среќа?) сепак ги носи второто. 

Зошто сите на интернет сакаат да умрат?

Од 2016 наваму забележителен тренд на социјалните мрежи е да се бие шега со смрт, самоубиство и депресија. А ако е нешто „ин“, зошто ние би останале покусо?

Музејот што испраќа дела од својата колекција преку СМС

Испраќаш порака до нашиот Музеј на современа уметност со клучни зборови „жешко лето“, а тие ти испраќаат слика од „Капачките“, серија скулптури на Анета Светиева. Епа истото тоа, ама во Сан Франциско. 

#Тресит: Tвитер како ризница на локални дијалекти

Лингвистите го користат Твитер за да проучуваат регионални варијанти на различни јазици. За инает на оние кои мислат дека социјалните мрежи се корисни само ако сакаш да плукаш на неистомислениците, и тоа плукање знае да биде лингвистичка ризница.

Инстабаба со над 3 милиони следбеници

88-годишна госпоѓа, чии фотографии масовно се споделуваат на Инстаграм, ги руши стереотипите за тоа како треба да изгледа и да се однесува жена во „поодминати години“.

ЕКГ за вас, театарски гледачи

Дали гледањето насилни содржини на сцена различно се доживуваат од нивното гледање на монитор? Спојувајќи маркетинг со реално истражување, еден театар користи наука за да добие одговор на ова прашање.

Како е да се биде преведувач на претседателот?

Луѓето кои се обидуваат да го надминат јазичниот јаз на значајни меѓународни средби на политичкиот врв служат не само како „обични“ преведувачи туку и како де факто дипломати.

Како да преселиш советска статуа до Манчестер?

Фридрих Енгелс живеел две децении во Манчестер. Страшните услови за работа во тогашната колевка на индустриската револуција биле поттик за неговите дела. Но градот никогаш не му се оддолжил. Сè до сега.

Легендарните писатели и нивната облека

Егзотичниот турбан на Зејди Смит, наочарите со рамки од жица на Џојс, „банданата“ на Дејвид Фостер Валас - начинот на којшто е облечен некој писател често го отсликува неговото дело. Нова книга ја истражува оваа замислена или реална врска помеѓу авторите, времето во кое тие живееле, и нивниот личен стил на облекување.

Teoфил Панчиќ: „Би сакал да сум возач на автобус на линија Скопје-Љубљана“

Нешто као Прустов прашалник. И лик кој ни е нешто као познат. 

Последната желба на Едвард Олби: Уништете ми ги делата!

Четирикратниот добитник на Пулицер за драма, автор на „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, почина минатава есен. Но тој има уште една, последна желба, која не е баш јасно дали ќе му биде исполнета.

Маорите измислија 200 нови зборови

Додека ние сме шампиони во измислување што повулгарни и политички некоректни термини за „другите“, некои народи се обидуваат да си го прошират јазичниот фонд со зборови кои би ја претставиле различноста на начин кој неа ја објаснува, и оттаму ја прави поприфатлива.