Обвинението кое го поднел Стен Ли се однесува на двајца поранешни колеги, ко-основачот Џил Чемипон и извршниот директор Шејн Дафи, кои наводно направиле таен договор да ја продадат POW! на кинеска компанија, Кампсинг, чиј потпретседател е исто така Дафи. Тужбата тврди дека тие двајца притоа направиле заговор да го украдат идентитетот и името на Ли за сопствен профит.
Сето ова се случивало во 2015, кога Ли страдал од напредна дегенерација на видот, односно не можел самостојно да чита или да вози. Во истиот период неговата сопруга, со која бил во брак скоро 70 години, Џоан Ли, била на смртна постела, и авторот на стрипови бил во состојба на „целосен очај“.
Вистинските услови на договорот никогаш не му биле до крај објаснети на Ли, кој во спротивно не би го потпишал документот кој подразбирал ексклузивна лиценца на неговиот лик и дело. Тој сигурно не би го сторил тоа бесплатно за некаква опскурна кинеска компанија, се вели понатаму во документот.
Thank you twitter. I finally learned how to post a video thanks to you guys. pic.twitter.com/SiSqnNakd9
— stan lee (@TheRealStanLee) May 16, 2018
POW! истовремено ги презел личните профили на социјалните мрежи на Ли, вклучително оние на Фејсбук, Инстаграм и Твитер. На 13 мај тој прв пат се огласи преку Твитер велејќи: „Ова е мојот прв личен твит. До денес, мојот профил беше раководен од други. Се уште немам контрола над Фејсбук профилот“.
Оваа тужба се случува еден месец откако Ли постираше емоционално видео онлајн како одговор на обвинувања дека тој бил жртва на малтретирање oд страна на ќерка му, како што се тврди во нотарски документ од февруари 2018, наводно потпишан од негова рака. Во видеото тој го нарекува ова обвинување „тотално неточно и навредливо“. Ќерка му е исто така е сопственик на значаен број акции во компанијата, која тврди дека поседува докази дека с во врска со сопствеништвото над делото на Ли е чисто, и истите има намера да ги претстави на суд.
Претходно: Стен Ли „распарчен од мршојадци“