Bookbox

Професорот кој со збор ги лечеше душите

На 95 години почина српскиот академик и професор кој важеше за еден од најмудрите интелектуалци и мислители во регионов. А таа, мудроста, подразбира дека тој никогаш не се поставуваше како голем човек, иако беше токму тоа.

Кодот на Бaх (или зошто Бе е Ха)

Во годината во која се слави 100-годишнината од раѓањето на еден од најхаризматичните промотори на музиката, Леонард Бернштајн, почнуваме серија интересни теми од областа на музиката, особено на класичната - помалку познати факти и аспекти кои можеби ќе придонесат за нејзино попродлабочено слушање.

Њујоркер ја повлече поканата Стив Бенон да настапи на „Фестивалот на идеи“

„Од каде Малком Гладвел трендинг на Твитер? Мора нешто гадно да заебал.“ Вака ни течеа мислите додека пребарувавме што се случило. А сè што направил било - ја поддржал идејата Бенон да настапи на фестивал, кој е замислен како полигон за дискутирање идеи.

Што точно изгоре во големиот пожар во Националниот музеј во Бразил?

Иако огромната штета сè уште се проценува, она што со сигурност се знае е дека со пожарот кој изби во неделата навечер во Рио се уништени поголемиот дел од 2 милиони артефакти, и колективна меморија на цела нација. 

Почина Конвеј Севиџ од „Бед сидс“

Австралискиот музичар, долгогодишен пијанист во бендот на Ник Кејв, почина на 58-годишна возраст после кратка битка со тумор на мозок.

По 40 години конечно премиера на последниот филм на Орсон Велс

Во 2015, на 100-годишнината од раѓањето на Орсон Велс, пишувавме за почеток на кампањата за довршување на неговиот филм, „Другата страна на ветрот“. Сега, на самиот почеток на овогодишниот филмски фестивал во Венеција, се случи неговата премиера.

Доделена наградата за акцијата „Раскажувам лектира“

Во јули ги повикавме основците кои и онака (би требало да) читаат лектири за време на летото, да ни раскажат една. Рокот за испраќање на текстовите беше до 1 септември. Вчера ја доделивме наградата.

Госпоѓица Холмс - јапонска верзија на Шерлок

Нова адаптација на приказна која има доживеано голем број верзии, и на хартија и на екран. Во оваа на ХБО главен лик е необична жена која се вика - Шерлок.

Човекот кој сакал да го обиколи светот одејќи наназад

Нова книга ја раскажува приказната за Плени Винго, обичен Американец, кој како и голем број други негови сограѓани за време на Големата депресија морал да смисли креативен начин да заработи некој долар. Неговиот бил - да оди наназад.

Oбјавени финалистите за алтернативната Нобелова за литература 2018

„Новата академија“, основана откако доделувањето на Нобеловата за литература за оваа година беше откажано како резултат на сексуален скандал, ги објави своите финалисти.

Музичарот кој фотографира заборавени пијана

Дебиси некогаш изјавил дека музиката е „тишина помеѓу нотите“. Но Роман Тиери се обидува таа тишина да не стане заглушувачка. Веќе десет години е во потрага по заборавени клавири покриени со прашина, кои ги минуваат своите последни денови во осама.

Ѓубре или уметност?: уметнички дела во вселената

Разликата помеѓу културен артефакт и вселенски отпад е тешка за одредување, па дури и (или особено) стотици километри над Земјата.

Берлинскиот ѕид воскресе

Рускиот режисер Иља Кржановски, Брајан Ино, Марина Абрамовиќ и Масив Атак ќе постават огромна уметничка инсталација - реплика на Берлинскиот ѕид, симулирајќи како изгледало да живееш обиколен од него.

Kнигата која морала да биде пишувана преку телефонски пораки

Курдско-иранскиот писател Беруз Бочани во 2013 побарал азил во Австралија, но наместо тоа бил испратен во озлогласениот центар за имигранти на островот Манус. Последниве пет години пишувал книга, и тоа преку пораки кои ги испраќал преку сервисот Whatsapp.

Кој е шеф: солистот или диригентот?

Обраќањето на диригент пред концерт не е нешто необично. Но диригент да се огради од изведбата, пред да биде исвирена една единствена нота е незамисливо. Па сепак, тоа се случило, во Карнеги Хол, во 1962.

Црвената линија: кога уредникот му се меша на писателот

Не сме чуле за случај уредник во наша издавачка куќа да се осмелил да му чепне во делото на домашен автор. За разлика од ваквиот нежен однос, во други контексти копи-едиторот знае да биде и продуктивен, но и многу суров соработник. Каде е границата?

Музеј на гревот (не е за луѓе со слаб стомак)

Откако 35 години работел во мртовечница, Јури Шчукин собрал морничава збирка на унакажани остатоци или цели тела на „грешници“, и формирал музеј, надевајќи се дека грозните глетки ќе превенираат посетителите да западнат во истите проблеми како и некогаш живите експонати.

На Малдиви бараат продавач на книги

Онаа стереотипна слика на човек на пуст остров, опкружен само со куп книги, ни изгледа страшничка. А кафани? А други луѓе? Еве конечно варијанта која ни е сосема прифатлива.

Њујоршка библиотека промовира класичната литература на Инстаграм

„Инста романи“ е нова иницијатива преку која корисниците на инстаграм можат да читаат книги и на овој начин. За конзервативните како нас ова е тотално непотребно, но признаваме дека убаво изгледа - кориците, на пример, мрдаат, и има музика.

Живееме во парасоцијален пекол

Секој ден десетици илјади „влогери“ погледнуваат во својата камера и изговараат позната фраза (главно на англиски): „Како е дечки?“ А оние кои ги следат имаат чувство дека им се лични пријатели, дека ги познаваат. Всушност, врската е еднонасочна и долгорочно непродуктивна.

Адам Загајевски: Животот е потценет, а добрата поезија не претерува

Во Струга деновиве ќе престојува поет кој зад себе има интересна семејна историја и творештво кое било забранувано во неговата татковина. На младите поети им советува интелектуална љубопитност, но не и „работа“ во класичната смисла на зборот.

Дали е оправдано да бидеш лош за нечие добро?

Имаше една наводно вистинска приказна за тоа како татко-богаташ го научил синот како треба да се однесува во бизнисот. Му рекол да скокне од високо, а дека тој ќе го дочека во раце. Потоа се тргнал на страна, а детето паднало и се повредило. „Го направив ова за твое добро. За во бизнисот да немаш доверба во никого, па ни во сопствениот татко“.

Посетител на изложба паднал во дупка-експонат на изложбата

За Аниш Капур сме пишувале повеќе пати, како кога доби ексклузивно право за користење на најцрната црна на светот, која според многумина има „нереални својства“, на пример она на длабочина. Но дека реалното и нереалното се испреплетуваат сфатил неименуван Италијанец, кој паднал во два и пол метри длабока црна дупка насликана со оваа боја.

Што е тоа „сатаи“ вестерн?

Како што има италијанска, „шпагети“ верзија на вестерн, сега има и индонезиска. Режисерка е жена, и таа е пионер на нов жанр, сатаи вестерн, според традиционалното индонезиско јадење - ражнич од месо и сос од кикирики.