„Конвеј беше анархистичката нишка која ги пронижуваше настапите во живо на бендот. Го сакаа и колегите и фановите. Накурчен, забавен, страшен, сентиментален, со топло срце, нежен, чесен, вистински - тој беше сето ова заедно, и буквално имаше златен глас“.
Вака гласи соопштението издадено од „Бед сидс“ по повод заминувањето на нивниот долгогодишен член, кој во бендот свиреше клавијатури и пееше придружни вокали (на некои песни е запишан и само заради плескање со раце) скоро триесет години. Тој беше дијагностициран со тумор во мозокот во 2017, а почина вчера, 2 септември. Последниот албум на кој има свирено со Кејв е Push the Sky Away, но не се појави на Skeleton Tree од 2016.
По придружувањето на Бед Сидс, Севиџ има објавено и неколку соло албуми. Eден од нив се вика Soon Will Be Tomorrow и е направен во соработка со австралиската музичарка Сузи Хиги. Нежен и меланхоличен, со многу пијано. Еве една песна од него: