Делото „Спуштање во лимбо“ (оној неодреден простор кој не е ни пекол ни рај, каде според католичката теологија завршуваат, на пример, некрстените деца), од страна делува како обичен црн круг исцртан на земја. Но еден посетител на музејот на современа уметност Серавалес во Порто, каде било изложено ова дело на Капур, а кој очигледно се покажал пољубопитен од другите посетители, паднал во дупката длабока 2.5 метри. Не е известено за скршеници или други сериозни повреди, само за шок кој го доживеал овој шеесетгодишник.
Делото е всушност структура во форма на коцка која собира мал број луѓе. Откако ќе влезат, тие пред себе гледаат црна дупка, околу која (наводно) има знаци на предупредување, дека не е дозволено приближување. Поучен од случаи на себеповредување од уметнички инсталации какви очигледно имало доволно во текот на годините, музејот претходно од посетителите бара да потпишат формулар дека институцијата не е одговорна за можни повреди.
Изложбата во Порто, „Аниш Капур: дела, мисли, експерименти“ се состои од 56 модели на реализирани и нереализирани проекти на овој уметник во последните 40 години. Таа беше отворена на 6 јули, а ќе трае до 6 јануари 2019.