„Ова е место каде мртвите ги подучуваат живите“. Оваа изрека, на латински, го краси влезот на Музејот на гревот, лоциран на медицинскиот оддел на државниот универзитет во Тамбов, Русија, околу 500 километри југоисточно од Москва.
Предупредувањето е потребно, бидејќи ова е мрачно место, каде посетителите се повикуваат да обрнат внимание на туѓите трагедии, за да ги спречат сопствените. Помеѓу нив, на пример, има ампутиран колк на млад човек кој обидувајќи се да биде попривлечен сам се тетовирал, и заради нехигиена умрел од гангрена; отсечен прст на неверен маж, чиј прстен се заглавил во пруга додека се обидувал да избега од куќата на неговата љубовница. Ембриони кои, заради тоа што нивните мајки пиеле или се дрогирале, имаат две глави, или очи наместо уши.
Eден од пострашните експонати е глава на крадец, со „рог“ од седум сантиметри, кој му „пораснал“ откако домаќинот на куќата во која овој ограбувал му набил остар предмет во чело.
Основачот на Музејот, Јури Шчукин, видел многу работи во животот додека се бавел со смртта, работејќи во локалната мртовечница. И тој воопшто не е загрижен дека ги обележува ги овие луѓе како грешници, односно морално ги осудува и покрај нивната трагична судбина. „Секој поединец е одговорен за своите дејства, а мојата збирка е жив доказ за тоа“, вели тој.
Ако баш сакате да видите повеќе за музејот, тука