Филип Блаквел e основач на Ultimate Library. Неговата компанија се занимава со опремување на хотели, одмаралишта, приватни резиденции и други јавни простори со специјално дизајнирани зибрки книги кои кажуваат нешто за самото место, и на посетителот му овозможуваат подобро запознавање со контекстот во кој во моментот се наоѓа.
Неговата најнова иницијатива е „поп-ап“ книжарница на Малдивите. И бара фиљан човек кој ќе ја води таа книжарница во луксузното одмаралиште Сонева Фуши на островите.
„Се бара: бос библиофил кој сака да им го претстави Даниел Дефо на богатите, модерни Робинзони во луксузните островски одрамалишта“ - се вели во огласот. Успешниот апликант ќе треба да се обврзе на минимум три месеци работа, во текот на кои ќе треба да пишува и забавен блог кој ќе ги отслика маките на еден островски продавач на книги. Во меѓувреме тој или таа ќе има шанса и да се дружи со славни личности и со нивните пријатели. Една ноќ во вилите во одмаралиштето инаку е околу 2000 долари.
„Сакаме некој кој е креативен и инспиративен, и кој ќе поттикне повеќе луѓе да уживаат во читањето, што и вообичаено се прави за време на одмор“.
За нас тој бунгаловот најнапред што е...