Bookbox

Каква врска има Стравински со хип-хоп и Бруно Марс?

Има еден звучен ефект карактеристичен за поп музиката од 1980-тите, но кој се смета и за хип-хоп клише. Истиот има интересна историја.

Натпревар во библиотечно сортирање

Ова сигурно не изгледа вака кај нас. Но во Њујорк и други делови на САД распоредувањето на книги за библиотечните ограноци се врши со машина која бара брзи раце и добри рефлекси. 

Како можела да се рекламира „Моби Дик“ во 19 век?

Вчера, 14.11, се навршија 167 години од првото објавување на „Моби Дик“, ремек-делото на Мелвил. Еден замислен текст за тоа како би изгледало промовирањето на книгата пред повеќе од век и половина, кога немало социјални мрежи и Букбокс?

Пред пасвордите: уметноста на „заклучување“ писма

„Летерлокинг“ е неколку векови стара вештина на пакување писма, така за да се обезбеди дека никој нема да ја прочита пораката пред таа да стигне до оној до кого е наменета.

Џиновските чекори на Колтрејн

Не мора да се разбирате во техничките детали за да уживате во музика. Но понекогаш задлабочувањето во она што се случува во нотниот запис отвара неочекувани хоризонти и прави уште повеќе да го цените она што го слушате.

Како Едгар Алан По бил исфрлен од американската армија

Има голем број писатели кои истовремено биле и воени ветерани - Витман, Селинџер, Толкин. Тешко е да се замисли дека еден од нив бил и По. Важел за добар и мотивиран војник, до моментот кога бил исфрлен од армијата.

Кога Стен Ли имал состанок на слепо со своја позната колешка

Многу пред Стен Ли да стане легендарниот креатор на Спајдермен, Халк и доктор Стрејнџ, и пред Патриша Хајсмит да стане славна писателка („Туѓинци на возот“, „Талентираниот г-дин Рипли“, „Керол“), обајцата во своите дваесети години живееле на Менхетен и работеле во областа на стрипот. Еден нивен заеднички пријател се ставил во улога на проводаџија.

Почина актерот кој му го позајми гласот на Хал во „2001: Одисеја во вселената“

Даглас Рејн почина на 90 годишна возраст, и иако зад себе остава и многу позначајни улоги , сепак најзапамтен ќе биде по саркастичниот глас на Хал 9000 од антологискиот филм на Кјубрик - гласот кој од тогаш го симболизира нашиот страв од вештачката интелигенција.

Како звучело примирјето на Првата светска војна?

Додека светот ја одбележува 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, да слушнеме како тоа звучи кога одеднаш оружјето ќе стивне. Со други зборови, како звучи мирот по долга и исцрпувачка војна.

Што ги спојува Џон Вејн, Карузо и Дилан?

Денес, 9.11, во Лондон почна серијата мечеви помеѓу актуелниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен и Американецот со италијанско потекло Фабиано Каруана (кој во живо може да се следи тука). Добар повод да видиме кои од актерите, писатели и музичарите сакале и играле шах. 

Во друштво е повесело: уметничките „тројки“

Нова изложба во галеријата Барбикан во Лондон под наслов „Модерни парови“ претставува уметници и писатели кои биле истовремено и љубовници и креативни партнери. А понекогаш броеле повеќе од двајца.

Koнцерт на Марија Калас - како холограм

Кога неодамна на сцената на уметничкиот центар Мос во Блексбург, Вирџинија, одекнале стиховите од операта на Верди „Магбет“ - „Умрените нема повторно да се кренат од гробовите“, иронијата не можела да биде поголема.

Верување без доказ не е само глупо туку и морално погрешно

Вилијам Кингдон Клифорд не спаѓа во пантеонот на големите филозофи - можеби затоа што починал на само 33 години. Но иако живеел во 19 век, неговите идеи се пророчки за нашиот.

Хуманистичките науки не му се потребни на бизнисот (но им требаат на луѓето)

„Да ја очовечиме технологијата!“ е повик кој не е нов, но кој се наметнува со сè поголема итност. Во ваквиот проект хуманистичките науки можат многу да помогнат, но само доколку се земат сериозно, а не исклучиво како извор на „финти“ за зголемување на ефикасноста и добивање уште поголема моќ.

Остригите на Сибелиус и медот на Стравински

Неодамна пишувавме за необичните навики на некои од најпознатите писатели. Сега се на ред композиторите, и нивните каприци во врска со исхраната.

Ник Кејв: Љубовта е тагување

На сајтот The Red Hand Files обожавателите на Ник Кејв можат да постават прашање, а тој да одбере на кое ќе одговори. Во најнова таква преписка зборува за комуникацијата со духовите на оние кои ги сакаме.

Јајцата на Толстој и млекото на Тургењев

Таман ќе помислите дека нема веќе нешто што не е кажано и напишано за некои од големите автори, кога ќе излезе дека имало уште сочни детали за нив. Кои покажуваат дека секој добар уметник мора да е и по малку чудак.

Внимавај на ѕвезди*ката: подемот на еден подзаборавен знак

Веројатно сте го виделе на социјалните мрежи, како начин нешто (лажно) да се прикрие. Но и како ознака на иронија или презир. Стар знак кој добива нови значења.

Стрип за духот на Сид Вишс и една баба

Нов британски стрип под наслов Punks Not Dead (Панкот не е мртов) спојува навидум неспоиви нешта: панкери и баби. Поточно ликот и делото на мртвиот Вишс со една стогодишна тајна агентка, која се обидува да излезе на крај со неговиот дух.

Нова книга: „Внатре црното огледало“

Креаторите на серијата Чарли Брукер и Анабел Џоунс во „Инсајд Блек мирор“ откриваат куп занимливости од зад сцените на нашата омилена серија. Таа не случајно излезе вчера, ден по Халоуин, веројатно како знак за тоа од што навистина треба да се плашиме.

Писатели продаваат имиња на ликови за хуманитарни цели

Акцијата се однесува на собирање пари за проектот „Слобода од тортура“ (Freedom from Torture), а она за што читателите наддаваат (и плаќаат) е да можат да именуваат лик во дело на некои од познатите писатели кои учествуваат во неа.

Стеганографија, или како може да го собере Шекспир во само една сликичка

Oграничувањето на еден твит во моментов е 280 карактери. Но неодамна еден млад истражувач покажа дека е можно во него да се спакуваат комплетните дела на Шекспир. И тоа не во вербален твит, туку во слика со ептен мали димензии.

Посетете ја Месечината со Лори Андерсон

Следната година НАСА ќе прослави 50 години од слетувањето на месечината, а нејзината соработка со уметници кои би придонеле кон едно такво одбележување е веќе започната.

Kако се менува јазикот на диетата и здравата исхрана

Кога на пазарот излегуваат нови производи и услуги, заедно со тоа понекогаш се случува промена на парадигмата, не само во смисла на состав, дизајн и рекламирање, туку и во јазикот кој се користи за да се зборува за нив.