Рејн цели 32 сезони играл улоги во шекспирови драмки кои се прикажувале на Стратфордскиот фестивал во Канада, а неговиот глас може да се слушне и во голем број документарци.
Токму откако го слушнал неговиот глас во „Универзум“, документарец од 1960, Кјубрик го анагажирал за улогата на Хал, откако претходно имал неколку неуспешни обиди да најде соодветен говорник. Најпрвин пробал со Оскаровецот Мартин Балзам (има играно во оригиналниот „12-темина гневни“, „Психо“ и Зона на самракот), и со Најџел Давенпорт („Огнени кочии“). Но првиот според него имал пренагласен колоквијален американски акцент, а вториот пак звучел премногу британски.
Рејн му се погодил, па под надзор на режисерот тој ги снимил сите свои реплики во тек на два дена. Сепак, поради непознати причини тој никогаш не го видел целосно завршениот филм.
Ентони Хопкинс има изјавено дека Хал влијаел врз неговата интепретација на серискиот убиец Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Покрај славата стекната со Одисеја 2001 и толкувањето улоги во шекспировите драми, Рејн бил еднаш номиниран и за наградата Тони, за улога во претставата „Виват! Виват!“ на Бродвеј.
Eве како морничаво звучеше тој глас, визионерски најавувајќи ја „побуната“ на вештачката интелигенција еманципирана од човекот
Нашето толкување на Хал (инсталација со ќебапи и домат) од Фестивалот на јадење книги 2017, кога главната тема беа книги и нивни филмски верзии