Стеганографија, или како може да го собере Шекспир во само една сликичка

Oграничувањето на еден твит во моментов е 280 карактери. Но неодамна еден млад истражувач покажа дека е можно во него да се спакуваат комплетните дела на Шекспир. И тоа не во вербален твит, туку во слика со ептен мали димензии.

 

Постапката се вика стеганографија, односно криење податоци во слики, што не е новост на Твитер (текст од 2015 на тема „Детекција на стеганографски техники на Твитер тука). Но горниот твит кој се појави неодамна сепак претставува еден од порадикалните примери за тоа како информациите можат понекогаш да ни бидат скриени точно пред носот - за арно или за лошо.

Истражувачот е всушност се уште недипломиран студент по компјутерски науки, Дејвид Бушенан. Трикот функционира доколку се знае како Твитер ракува со метаподатоците, што остава простор за малку кодирање, и складирање на зипуваните фајлови во само еден тамбнејл.

Секако, оваа техника може да се користи за разни работи, од кои литературата е веројатно поневажната. Особено е опасна за ширење компјутерски малвер, иако од Твитер не покажале загриженост од типот „да се биде или не“ кога Дејвид им го испратил цел Шекспир во сликичка.

1 ноември 2018 - 09:21