Bookbox

Контроверзи откако Оксфордскиот речник за прв пат вклучи нигериско-англиски зборови

Со најновото освежување на речникот во него се вклучени 29 зборови од секојдневниот нигериски говор, со што се признава „специфичниот придонес кон англискиот како глобален јазик“ на најнаселената држава во Африка. Но Нигеријците не се воодушевени.

29 февруари, денот кога жените запросуваат

Во традиционално патријархалните средини само еден ден бил исклучок од правилото мажот да нуди брак. Се паѓал еднаш на четири години, и тогаш ергените морале да бидат на штрек.

На Амазон се продаваат книги кои тврдат дека коронавирусот е дело на Сатаната

Најголемиот трговец со книги на светот вели дека дозволува продажба на небулозна литература поврзана со коронавирусот, за муштериите да имаат пристап до „различни гледишта“.

19-годишниот Ерл Кејв глуми во два нови филма

По семејната трагедија Ерл забрзано созреал. И одлучил од неа да направи нешто убаво.

Антропоморфизам и наука: Дали природата дејствува „намерно“?

Придавањето човечки карактеристики на други живи суштества е токму човечка карактеристика. Но кога истата наместо во басни и анимирани филмови ќе се појави во наука, тоа може да создаде погрешни претстави за природните закономерности.

Приказната за научникот што си го мерел сопствениот измет

Се викал Санторио Санторио. И бил другар на Галилео Галилеј. Очигледно Италијаните од тоа време сакале удвоени имиња. Но овој човек имал и поинаква страст кон броењето - го вовел квантитативниот пристап во природните науки и во медицината. Мерејќи буквално сè.

Уметност и биополитика: бактерии без граници

А про по веста дека заради коронавирусот Кинезите почнале да ги дезинфицираат и банкнотите, изложба под наслов „Бактерии без граници/Колонијалистички кеш“, која се отвори во Берлин во јануари, а ќе трае до 2 март.

11 зборови за тага и депресија од различни јазици

Една од најтешките работи кога не си расположен е кога ќе те прашаат „што ти е?“, а ти го немаш вистинскиот збор. Ништо посебно лошо се нема случено, ама се чувствуваш „осојничаво“, малаксано, немотивирано. Заборавете го „даун“, еве зборови од различни јазици кои го опишуваат истото. Ако ништо друго, да се има избор.

Кога Пекиќ ја замисли пандемијата на беснило

Мотивот на неочекувано и рапидно ширење на заразни болести не е нов во уметноста. За добриот писател или режисер тој дава одлична можност за анализа на екстремите на човечките однесувања, но и за помалку или повеќе прикриени апокалиптични пораки.

Пријателствата се прашање на живот или смрт

Нова книга од областа на психологијата тврди дека посветуваме повеќе внимание на тоа што јадеме, или дали вежбаме, отколку на тоа дали сме се виделе со блиските пријатели. А всушност би требало да е обратно. За наше добро.

Археоботаничарката која трага по исчезнати овошки во уметнички дела

Ренесансните слики можат да содржат скриени пораки, префарбани слоеви, клучеви за толкување на животот на уметниците. Но можат да содржат и значајни податоци за растителниот свет, во случајов за овошките.

Човекот кој 19 години учел алигатори како да пеат

Сме чуле за дресирани болви, за кокошки кои знаат математика (од филмот „Баладата за Бастер Скрагс“), за дресирани свињи кои се дел од историјата на циркусот и карневалите, ама едно нешто до сега немавме сретнато: дресирани алигатори.

„Не си го чепкај носот“: водич за детски манири од 15 век

На нов сајт на Британската библиотека можат да се најдат голем број неодамна дигитализирани ракописи стари и по неколку векови, меѓу кои и еден бон-тон за деца.

Човекот кој си ја стави главата во акцелератор

Од сите места на кои можеш да си ја бутнеш главата, aкцелератор е најлошото. На 13 јули 1978, тогаш 36-годишниот руски научник Анатолиј Бугорски морал да го стори точно тоа.

10 дена и 9 часа: најдолгиот маратон со изведба на дела од Бетовен

Во чест на 250 години од раѓањето на Бетовен, Данскиoт гудачки квартет од 7-18 февруари во Линколн центарот во Њујорк го изведе целиот циклус негови композиции за ваков ансамбл. На крај настапиле и на бис, за да покажат дека уште им се свири.

Матриксот на Ајзенхауер: системот за планирање на американскиот претседател

„Она што е важно ретко е итно, а она што е итно ретко е важно“, има изјавено Двајт Д. Ајзенхауер, 34-тиот претседател на САД. Да научиме нешто од него.

Психологијата на згрозувањето

„Бљак“ можеби звучи како непосакуван извик, но границата помеѓу револтираноста од нешто и привлечноста кон истото понекогаш е замаглена.

Писмото од затвор на 89-годишниот Бертранд Расел до сопругата

Расел бил во затвор? Ова беше нашата прва реакција на веста за дигитализацијата и објавувањето на неговата кореспонденција од зад решетки, каде завршил на два пати во својот живот.

Хадака мацури: јaпонската прослава на голотијата

Секоја трета сабота во февруари во јужниот дел на островот Хоншу се одржува фестивал на кој се собираат и до 10.000 (речиси) голи мажи. После него во Јапонија доаѓа пролетта.

Издавачот на Дарвин не верувал во еволуцијата, но сепак ја издал неговата книга

Излегувањето на „Потеклото на видовите“ на Дарвин во 1859 го променило текот на научната историја. Она што е необично е што нејзиниот издавач бил и меѓу нејзините најголеми критичари.

Станислав Петковски - Сашо: „Се промовираат нови вредности кои се деривати од алчност и итроштини“

Родителите во воспитувањето на своите деца се препуштени самите на себе, бидејќи не постои добро организирана држава, која би можела да им биде партнер во овој значаен проект. И покрај песимизмот за иднината, психолози како Станислав Петковски се обидуваат да го дадат својот придонес во дијагностицирањето на состојбите, но и во нудење лек за истите.

„Кисел Валентајн“: навредливите картички испраќани во 19 век

Нема полошо од тоа да добиеш вербална „корпа“ од симпатијата, и тоа баш на 14.2. Ама овие картички биле и нешто повеќе од тоа - вистински хејт мејл, за кој дури си морал и да платиш при прием на пораката.

Ретко пијано од 200.000 евра (со четири педали) уништено при селење

Има различни љубови, кон луѓе, животни, предмети. Љубовта на музичарот кон својот инструмент спаѓа во големите. Па така и тагата кога тој насилно ќе замине во рајот на инструментите.

Научниците си ги ♥ своите емоџиња

Вклучувањето на сликички од областа на науката во оние кои можат да се користат во онлајн пораки и постови би требало да е добра вест. Е, ама со научниците сè мора да е малку комплицирано.