Сите чекаме, со различен степен на трпение, нештата да се вратат на „нормала“ - иако знаеме дека секојдневниот живот нема веќе да биде ист. Сепак, она што го посакуваме, „нормалноста“, до скоро беше прилично дискутабилен термин.
„Минатото е вовед“, вели Шекспир во својата драма „Бура“, во смисла на тоа дека во минатото се содржат никулците на она што се случува, или би требало да се случува во сегашноста. Тоа „би требало“ во контекст на пандемијата сепак не го имаме научено од историјата.
За вирусот често се зборува преку воени метафори. Што ни кажува тоа за оние кои ги користат? Дали може да се зборува за пандемијата на поинаков, конструктивен начин?
„Милениците“ се всушност пар глувци, чии сопственици вложиле навистина голем труд во тоа да им обезбедат малку забава и културна надоградба во овие тешки моменти.
Неодамна пишувавме за Силабус, сајт кој прави неделен избор на релевантни текстови од различни области. Чепкајќи низ него наидовме на подкаст кој, чекор по чекор, нè доведе до приказната за француски војник, кој затворен во домашен притвор напишал фантастично дело за далечни патувања. Низ неговата соба.
Кога велиме дека пандемијата е тест за голем број институции, не мислиме само на болници, министерства и војска, туку и за оние од областа на културата. Еве како реагира една, барем географски не толку далеку од нас.
Првиот час по пијано го имал од татко му, професионален музичар, кога имал само три години. На шест настапил во Карнеги хол. А сега, на седум, компонирал валцер за полесно справување со изолацијата.
Во 1665-1666 Тринити колеџ, местото каде што студирал Исак Њутн, морал да биде затворен заради епидемија на бубонска чума. Неоптоварен со видео конференции преку Зум или задачи испратени преку Вибер, Исак на својот селски имот успеал да се сконцентрира на нештата кои го преокупирале, и да остави траен белег во науката. Но дали ова било пресудно за неговите епохални откритија?
За самиот да не губи време по интернет во потрага по релевантни информации, Евгениј Морозов одлучил да создаде ефикасен и самоодржлив систем, кој сега се покажува особено корисен во контекст на пандемијата.
Хуморот ни создава чувство дека ситуацијата е под контрола (штом за неа можеме да се смееме), и дека сме поврзани со други луѓе, на кои истата работа им е смешна. Па има ли подобри причини за повеќе да се смееме во моментов?
Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
Терминот „носталгија“ во дигиталниот речник на македонскиот јазик е дефиниран како „копнеж по минатото, по неповратното“. Она што психолошки ни се случува во моментов е блиску, но не и сосема исто со опишаното.
Гад Саад е еволутивен психолог, кој во основа го тврди следново: колективистичките култури се развиле онаму каде што историски имало поголема опасност од патогени. И тие денес се оние кои најдобро се снаоѓаат во ситуацијата.
Ако се восхитувате на „Сјаење“ на Кјубрик, „Островото Шатер“ на Скорсезе или „Диви во срцето“ на Дејвид Линч, тогаш можеби и без да знаете сте фан на најголемиот полски композитор.
Помеѓу блиски пријатели некои работи би требало да се подразбираат. Но во дигитално доба нашата грижа за нивната приватност треба да е уште понагласена. Некои велат дури и законски регулирана.
Музејот Гети од Лос Анѓелес во моментов е затворен за јавноста. Но тој почна онлајн кампања за рекреирање на дела со луѓе, животни и предмети што ги имате низ дома.
Веројатно нема подобра визуелна илустрација на осаменоста во модерната историја на уметноста, од делата на човекот кој сликаше социјално изолирани луѓе. Кои не изгледаат тажно, но сепак предизвикуваат чувства на носталгија и меланхолија кои тешко се изразуваат со зборови.
Во оној официјалниот на македонскиот јазик можеби ќе се воведе (ако воопшто) во некоја далечна иднина, кога светот ќе го тресе некоја нова пандемија. Но во Меријам-Вебстер, речникот на англиски јазик, ова е термин кој се најде побргу од AIDS, за само 34 дена од официјалното соопштение за вирусот на СЗО.
Во време на Шекспир чумата, исто како и денешнава „чума“, ги опустошувала улиците и ги затворала театрите. Дали тој ја напишал својата мрачна драма додека бил во самоизолација во текот на 1606?
Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.