Bookbox

37°C - заборавениот прогресивен (и визионерски) рок бенд од поранешна Југославија

Новогодишен подарок од домашните ни ги отвори очите (всушност, ушите) за албум снимен далечната 1979. На него има прогресивен рок, амбиентални мелодии и глас на две пејачки кои тогаш биле во подем - историја на една култура, од која и ние некогаш бевме дел.

Историја на „дели бал“ или „лудиот мед“

Медот кој содржи психоактивни супстанци и денес се произведува во планините Качкар во Турција. Да не оди некој натаму деновиве?

Новата книга на Вилијам Гибсон замислува свет во кој во 2016 победила Хилари

Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.

И кравите си имаат јазик: не е секое „муу“ исто

Нова студија открила дека кравите користат специфични вокализации во различни емоционални контексти. 

Би спиеле ли во слика на Едвард Хопер?

Навистина не е тешко да се замислите среде слика на овој американски уметник, како гледате низ прозорец од спалната или слушате тивка музика во некој бар доцна во ноќта. Ама сега може и да спиете во соба дизајнирана според негово дело.

Тоалети дизајнирани како книги

Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.

Руските научни списанија повлекоа повеќе од 800 статии

Комисијата формирана од Руската академија на науки ги „чешлаше“ научните списанија од различни области поради обвинувања за плагијаторство, авто-плагијаторство и таканаречено „подарено авторство“. Резултатот е „бомба“ во руските научни кругови.

Кога Лолита би била Бабита

Умберто Еко во далечната 1959 пишувал месечна колумна во списанието Вери, која изобилувала со лингвистички експерименти, но и со пародични препрочитувања на славни дела. Едно од нив се однесува на Набоковата „Лолита“. И без да ви правиме спојлери, само ќе ви кажеме - подгответе се за во најмала рака необични сцени на љубов меѓу младиот Умберто Умберто и неговата Бабита.

„Паразит“ ќе стане американска ТВ серија

Еден од најдобрите филмови на 2019 ќе биде адаптиран во мини-серија, во продукција на ХБО.

„Какебо“ - јапонскиот концепт на штедење

Измислен во 1904 од Хани Мотоко, позната како првата жена-новинар во Јапонија, какебо е едноставен начин за водење сметка за потрошеното. За неговата модерна верзија клучно е работите да се запишуваат не на компјутер, туку на хартија, со рака.

Париски музеј ангажира резидентен Инстаграм уметник

Една од најпознатите музејски институции во Франција, Музејот д’ Орсеј, почнува со нов пристап кон технологијата, истовремено заживувајќи ја својата колекција - преку ангажирање уметник кој треба да замисли како би изгледал Инстаграм профилот на познат колега од историјата.

Во 2020 ќе биде објавен нов материјал на Боуви

По смртта на големи (а и не толку големи) ѕвезди, стапува на сила бизнис пракса позната како „молзење на кравата“ - издавање нов (или не толку нов) материјал, понекогаш и со сомнителен квалитет, само колку нешто да се продава. Ама за ова не се буниме.

Како грабнувањето на едно куче ја одредило судбината на двајца британски поети

Кокерот Флаш го спомнавме кога пишувавме за подзаборавената биографија на Вирџинија Вулф на ова куче. Она што не го знаевме е случајот со неговото грабнување, кој направил неговата сопственичка - позната викторијанска поетеса - да го отфрли татковскиот авторитет и да се омажи со својата тајна љубов.

Во живо: Сизиф против карпата

Сите ние сме Сизиф, особено на почетокот на годината кога работите треба да почнаат да се тркалаат. Прво со огромен напор нагоре, па стрмоглаво надолу. Колку ние потврдоглави, толку карпата поодлучна. 

Почина Џон Балдесари, „кумот“ на концептуалната уметност

Поживеа 88 години, од кои повеќе од 50 правеше инсталации од случајно најдени предмети, колажи кои комбинираат текст и фотографии, и генерално си играше со различни медиуми. До крајот на животот се држеше до своето мото - да не прави здодевна уметност.

Првиот и последен каубоец на Балканот родум од Тетово

Во 2019 се навршија 20 години од смртта на Хари Џексон, роден во Тетово како Аљуш Мусли, кој на осум години се преселил во босанска Биелина. Како и голем број деца од тоа време, бил фасциниран од Дивиот запад. До толку што го променил името и почнал да снима вестерни.

Нобеловката што си ја повлече статијата

Американската научничка Франсис Арнолд, која ја подели Нобеловата награда за хемија во 2018 со уште двајца истражувачи, на своја иницијатива си ја повлече најновата научна статија. Причина: повтореното истражување не ги дало истите резултати.

Во Загреб се отвори музеј на мамурлакот

Ако имате приказна за свое пијанство на која не сакате да се потсетите, но на која често ве потсетуваат, тука е новиот музеј кој може да ја овековечи како дел од својата поставка.

Рапсодија во сино: делата ослободени од авторски права во 2020

На почетокот на јануари минатата година известивме за тоа на кои значајни дела им истекоа авторските права и влегоа во тн. јавен домен, односно станаа слободни за користење. Еве го списокот за оваа, 2020 година.

Ралстонизам - историја на едно бизарно движење за здрав живот

Празниците не се завршени, но можеби веќе ви е јасно дека наскоро ќе мора да се сврти малку на диета и поздрав живот. А можеби кифлите помалку се фаќаат ако се оди на прсти? 

Ракуго или јапонската традиција на „седечка“ комедија

Обратно од стенд-ап комичарите, јапонските традиционални мајстори на раскажувањето седат на сцена, користејќи само хартиена лепеза и шамивче. Странците ракуго раскажувачи се многу ретки, а еден од нив е канадски актер и продуцент.

Заборавениот уметник кој го подучувал Едвард Хопер

Починал во 1962 како пензиониран наставник по цртање. Доживеал извесен успех на почетокот на кариерата, но во текот на Големата депресија бил заборавен, со оглед на тоа што на луѓето во тој период не им била потребна уметност. Триесет години предавал сликарство, а меѓу неговите ученици имало и такви кои историјата ги запомнила.

Дијамантскиот ѓердан поради кој Марија Антоанета завршила на гилотина

Во историјата е позната како „Аферата на дијамантскиот ѓердан“. Иако изгледа како измислена приказна, станува збор за низа од реални случки кои довеле до уништување на репутацијата, а потоа и до погубување на француската кралица.

„Твој потег“: што можат друштвените игри да нè научат за животот

Нова книга од Џонатан Кеј и Џоан Моријарити ја опишува историјата на друштвените игри како древни уметнички форми, кои на почетокот на дигиталната ера изгледаше дека ќе загубат на значење. Но наспроти ова, тие денес како да ја доживуваат својата нова златна ера.