Оваа година ќе бидат издадени два нови албума, односно таканаречени „екстендед плеј“, нешто помеѓу сингл и албум, со дигитални верзии на до сега неслушнати верзии од песни на Боуви.
Првиот се вика Is It Any Wonder?, а песните од него се очекува да излегуваат една по една во наредните шест недели. Двете плочи ќе бидат достапни за продажба на Рекорд стор деј во април.
Првата песна Парлофон ја издаде вчера, среда, 8.1, како одбележување на она што требаше да биде 73-ти роденден на Дејвид. Станува збор за претходно необјавена верзија на The Man Who Sold the World, снимена во Њујорк пред неговиот 50-ти роденден на концерт во Медисон сквер гарден. која може да се слушне тука (обрнете внимание на гитарата која звучи како ситар и која дава сосема поинаква атмосфера на целата песна)
Да се потсетиме на трибјутот на наши луѓе за Боуви по неговата смрт, на 10 јануари 2016