Гавернор Морис (1752-1816) бил американски државник, еден од основачите на САД и автор на преамбулата на американскиот устав. Иако историјата го памети како брилијантен ум, истиот тој крајно глупаво си го скратил животот.
Историјата на облеката е полна со обиди на владетелите да воспостават правила за тоа што е, а што не е дозволено да носат „обичните“ луѓе. Таквите обиди често комично пропаѓале.
Нова книга го отфрла популарниот мит дека вежбањето е нешто што природно им лежи на луѓето. Мала прелиминарна утеха за да ги поминеме празниците легачки.
Повеќето откритија за кои станува збор имаат врска со начинот на кој преживуваат риби, бумбари, молци и пчели. Очигледно има уште многу што би можеле да научиме од нив, иако начинот на кој би го користеле тоа знаење може да биде и морничав.
Обично етикетирани како „суеверија“, верувањата во зли натприродни суштества не се примитивни и ненаучни - тие се од суштинско значење за нашето разбирање на светот.
Има форма на купола, правењето трае (пре)долго, ама резултатот е толку вкусен што се јаде за миг. Италијанците се обидуваат да го заштитат својот божикен колач од напливот инфериорни имитации.
Боб Рос е еден од најпопуларните американски сликари на 20 век. Најпознат е по три работи: „ладна“ фризура, шармантен карактер и сликање (кичести) пејзажи, во антологиски видеа со седативен ефект. Проблемот е што до скоро никој не знаеше каде му се сликите.
Додека денес дел од светот се подготвува да го прослави Божик по грегоријанскиот календар, се потсетуваме како тој изгледал во Америка за време на пандемијата на шпанскиот грип.
Ново истражување тврди дека постојат три највообичаени замислени ризици кои се поврзуваат со лидерството. Сосема доволно за способните а самокритичните да не се нафаќаат на раководни позиции.
Кога би требало да го имитирате, веројатно првата поза која би ви паднала на памет би била онаа со десната рака пикната во униформата. Но иако изгледа препознатливо „наполеонска“, таа е многу пораспространета.
Знаете оној момент на маршот Радецки кога диригентот дава сигнал елитната публика во Музикферајн да почне да држи такт, па ги кара ако се многу бучни, а овие па никако да научат? Е, оваа година сето тоа ќе се одвива во празна сала.
Годината која изминува ни помина во знакот на слушањето подкасти и правењето сопствен. Помеѓу најинтересните до кои дојдовме се издвојува еден на историски теми. Ама не онаква историја на „серење мермер“ (цитат од филмот „Амадеус“), туку таква која открива суптилни и често скришни аспекти на животот на обичните луѓе во минатото.
После „Брејкинг бед“ и „Бетер кол Сол“ мислевме дека веќе нема серија што ќе ни го привлече вниманието. Ама третата сезона на „Фарго“ содржи неочекувани пресврти, и по некоја историска лекција.
Вообичаено речниците на англиски јазик бираат збор на годината, а тоа се прави и во други говорни контексти (германски, француски). Но Њујорк Тајмс одлучи да одбере неологизми (нови кованици) како и изрази кои се користеле и претходно но сега или се актуелизирале или добиваат ново значење во контекст на пандемиската 2020.
Еден од детските артефакти кои го преживеаа технолошкиот прогрес во последниве неколку децении се ПЕЗ бонбончињата и оние пластични куклички во кои се ставаат, кои како џубокс исфрлаат по едно. Но тие првично не биле наменети за деца.
Името му звучи како некој измислен јазик од научно-фантастични филмови. Всушност станува збор за загрозен говор на кој зборуваат уште само 2000 луѓе на Пелопонез.
По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.
Биле наречени „очи на љубовниците“ и се разменувале помеѓу парови во Британија во втората половина на 18 век. Од денешна перспектива делуваат троа морничаво, но да се добие ваков подарок значело дека работата е за сериозно.
Кога замислуваме некој простор во историјата, на пример градот Скопје, ретко го земаме предвид мирисниот пејзаж. Сигурни сме дека луѓето би зборувале малку поинаку. Облеката секако би им била различна. Но како ли мирисало?