Bookbox

Џон Клис: „Сакам да бидам закопан со непрочитаните книги“

На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.

Дали и вие не знаете каде ви одат годините?

Учено се нарекува „телескопско доживување на темпоралноста“. Но без оглед на софистицираноста на употребените зборови, чувството е универзално - дека како што старееш, така не знаеш каде ти одат сите тие денови, месеци и години, кои фучат како сиви тркачки автомобили.

Kнига со 88 преводи на само една песна

Даглас Хофштатер, когнитивен научник и физичар, најпознат по книгата од 1979, „Гедел, Ешер и Бах“ за која доби Пулицерова награда, има една друго, помалку познато дело. Во него, на 832 страници, се обидува да преведе (или да обезбеди превод) на една единствена кратка француска песна од 16 век.

100 години од раѓањето на Чарли Паркер - Бах на модерниот џез

Роден на 29 август 1920, „Брд“ е водечка фигура во развојот на бибоп, виртуоз на алто саксофонот, самоук музички револуционер. Една анегдота сликовито го опишува почетокот на неговото музицирање, на само 16 години. 

Што се тоа „контактни“ јазици и зошто се загрозени?

Кога во тек на подолг период во меѓусебен контакт доаѓаат луѓе кои зборуваат различни јазици, тие понекогаш создаваат нов, комбинација на постоечките. Лингвистите ги нарекуваат „контактни“, и овие јазици се многу побројни отколку што мислиме. Но истовремено се под голем ризик.

Катаплексија: кога луѓе паѓаат во несвест од среќа

Филм со ироничен наслов „Ода на радоста“ е направен врз основа на вистинска приказна за човек кој не смее да си дозволи да се израдува. 

„Мингеи“ или убавината на предметите за секојдневна употреба

Концептот може да се преведе како „народно творештво“, а е развиен во средината на 1920-тите од страна на јапонски филозоф и естетичар. „Мингеи“ се однесува на секојдневните нешта, од облека и мебел до прибор за јадење и пишување. Малите нешта кои ни го чинат секојдневието, и кои ако се внимателно одбрани или рачно направени, ни го разубавуваат.

Каков јазик ќе зборуваат луѓето што ќе ја колонизираат вселената?

Реалното меѓуѕвездено патување, тогаш кога би започнало, би било толку бавно, што јазикот на патниците би се менувал во од. Kога тие еднаш ќе пристигнат на дестинацијата и ќе ги информираат оние од некогашната дома за тоа, можно е вториве да не ги разберат.

Што е тоа „фурфурал“ и каква врска има со книги?

Колку што се постари книгите, толку повеќе мирисаат на бадем. Изворот на оваа арома е специфична хемикалија.

Акедија: заборавеното име за чувството кое го имаме сега

Се сеќавате на почетокот на пандемијата кога сликавме како ни стасува тестo? Се собиравме онлајн на пијачка. Се фалевме со новооткриени хобија и како ги занимаваме децата по дома. Каде отиде сиот тој жар? Го изеде - акедија.

Библиотекарот кој го исмеа премиерот

Приказната е од Британија и се однесува на непознат сторител (веројатно библиотекар) и нивниот премиер. А за ова да успее кај нас треба да биде исполнет еден неверојатен услов. Да има барем еден политичар кој би се нашол пред полица полна книги (макети полнети со стиропор како за саем на мебел не се важат). 

Најмладиoт добитник на Меѓународниот Букер чува крави и се декларира како „тие“

Вчера, 26.8, беше објавено дека овогодинешната награда од над 50.000 евра, чие доделување беше поместено од мај за август поради пандемијата, оди кај „Нелагодноста на квечерината“, роман на 29-годишниот/ната холандска автор/ка, кој е опишан како „виртуозно дебитантско дело“.

Елизабета Конеска, етнолог: „Без емоции нема добар документарен филм“

Во етнолошките и визуелно антрополошките кругови нејзиното име е добро познато. Авторка е на десетина етнолошки филмови, а најновиот под наслов „Нејзиното семејство 2010-2019“ премиерно беше прикажан на овогодишниот Македокс.

Млеко од кобила и оговарања: како живеел Толстој додека ја пишувал „Ана Каренина“

На почетокот на 1870-тите, успехот на Толстој после објавувањето на „Војна и мир“ бил уште свеж. Тој бил свесен за високите очекувања од неговото следно дело. На него ќе потроши цели четири години, во тек на прилично турбулентен период од приватниот живот.

Која е најголемата мрза во светската книжевност?

Хипнос, античкиот бог на спиењето, по цел ден се излежува во подземјето. Том Соер можеби не е мрзлив но се снаоѓа други да му ја фарбат оградата. Бартлби од истоименото дело на Мелвил буквално умира од мрза. Ама еден спореден лик во „Пеколот“ на Данте е шампион.

Измислена полициска серија во која главна улога игра - Семјуел Бекет

Авангарден драматург, мрачен Нобеловец, поет и...опасен телевизиски детектив?

Скандалот со кинескиот дипломат кој (буквално) газеше врз луѓе

Пред некој ден светските медиуми пренесоа фотографија од пречек на кинески дипломат на Кирибати, островска држава во Тихиот океан. На неа тој гази врз луѓе кои се наредени легнати на стомак. Ова било традиционален начин на пречекување високи гости. Но не сите се согласија со ова толкување.

Ограбен музеј на нинџи во Токио

Полицијата била повикана откако крадците си заминале - целата акција им траела три минути, брзина на која и нинџа може да позавиди.

Човекот кој прв визуелизирал податоци поврзани со епидемии

„Нужноста е мајка на креативноста“, вели старата мудра изрека. Во раните 1830-ти колерата си го нашла патот до Лондон. А таму еден човек решил да стори нешто во врска со ширењето на епидемијата. Визуелизирајќи податоци.

Ликовните критичари до Рони Вуд: „Ај глеј си музиката“

Човекот си е рокенрол аристократија, и му се може. На пример да си го вгради ликот во Пикасовата „Герника“. Критичарите ич не се воодушевени, ама тој оваа недела отвара изложба со над 100 сликарски дела.

Проѕирните јавни тоалети во Јапонија

Во една од најпопуларните населби во Токио се појави нова атракција: тоалети кои додека влезете во нив се транспарентни. Кога има човек внатре стаклото се затемнува.

Рибата која кога се пари буквално се сплотува со својот партнер

Статијата е за риби. Ама па вие може да ја читате и поинаку.

Омилениот астролог на Хитлер

Се викал Карл Ернст Крафт, бил образован како за научник, но се занимавал со нешта кои денес ги сметаме за псевдо-наука. Во времето на подемот на национал-социјализмот тој имал специјален статус помеѓу бројните окултисти и „пророци“ кои работеле за режимот.

Како се викаат луѓето што одбиваат да носат маски?

„Антимаскери“, „одбиватели“, „маскомразители“? Еден подзаборавен збор во англискиот почнува да се појавува во новински статии за луѓето кои сметаат дека носењето заштита им ги загрозува човековите права.