Помалку од 4% од возрасните жители на ковид епицентарот Вухан се позитивни на поседување антитела за коронавирус, вели една скорешна анализа која фрла сенка врз надежите дека светот и државите во него ќе почнат да развиваат колективен имунитет кој ќе го заузда вирусот.
Наодите на кинеската студија исто така велат дека оние кои се заразиле со благи симптоми или пак го имале вирусот без појава на симптоми веројатно не развиваат природен имунитет кој ќе ги штити во иднина.
Терминот имунитет на стадото е концепт во кој поголемиот дел од популацијата, со добивање на болеста и нејзино прележување ќе стане имуна на вирусот со што индиректно ќе се штити остатокот од популацијата.
"Дури и сите тие да имаат перфектни анти-тела кои ќе ги штитат неодредено време, нивната преваленција во оваа и други студии е таква што никогаш нема да се искачи до нивото на потребниот имунитет на стадото," вели професорот Хенри Рејмонд според кој, во овој момент, таквата надеж е само "wishful thinking".
Крајно контрадикторни се податоците на оваа тема.
По некои студии, луѓето кои прележале ковид имаат антитела кои траат со месеци (не се знае дали и години бидејќи е нова болеста).
Ама па има документирани случаи за реинфекција и тоа со потешки клинички слики (види: Фатил корона два пати, вториот пат било бетер).
Ама па има и случаи кога имунитетот не те штити да заболиш но ги ослабува симптомите (види: Можеш двапати да се заразиш, ама, имаш имунитет)
Ама па има и охрабрувачки студии кои велат дека и без неопходните антитела, средбата со вирусот е корисна, отприлика како кога повторно се склопува Рубикова коцка - не го памтиш баш секој потег, ама јасна ти е шемата како тоа одеше. (види: Ајде малку да си се тешиме околу имунитетот).
Ама па имате и професори кои велат дека постигнување на имунитет на стадото не е стратегија туку признавање на биолошки факт. До него ќе се дојде вака или онака (со природна имунизација или вакцина). Битно е да дојдеме него со што помалку мртви (види: Професори од Харвард, Оксфорд и Стенфорд версус логиката на Филипче и Царовска).
Ама па, преку таквото.