Инспирацијата за "ладната супа" е неодамнешниот текст во Њујорк Тајмс за презаситениот пазар за здрави производи во Калифорнија, каде за да успеат и да бидат поразлични "луѓето (производителите) мора да го кренат влогот до точка на апсурдност. Смути од кел, авокадо, глуварче, краставица, ким, семки, халапенос и крушка?"
"Во изминативе години, здравото живеење стана статусно обележје кон кое се стремат Американците. Луксузна продавница за здрава храна прерасна во џиновски синџир на супермаркети. Има дизајнерска облека за на јога. Одбивањето да се вакцинира детето или да се јаде глутен, станаа начин во исто време да се покаже дека човек е од висока класа, и да се пренесе пораката за етичка посветеност кон здраво живеење. И целта на ова не беше да бидеш сноб кон семејствата кои консумираат 'џус' пијалаци. Целта беше да можеш да 'ццц-каш' околу нивниот избор додека пиеш сок од 8 долари заблажен со агавае и ладно исцеден кој доаѓа во шише без БПА. 'Здравото' живеење стана поврзано со повисоката класа, а со тоа и со гламур. Псевдонауката прифатена од богатите - група која исто така има супериорен пристап до здрав живот, како соодветна здравствена заштита, безбедни места за вежбање, и.тн. - сега почна да му се промовира на остатокот од населението," објаснува Бови во текстот за Њу Рипаблик.
Таа ја споменува и неодамнешната колумна на Хедли Фримен во Гардијан, каде го критикува скршнувањето на лајфстајл новинарството кон "велнес": "Велнес блогерите се се' побројни, неверојатно популарни и засрамувачки прославени од медиумите кои никогаш не можат да одолеат на атрактивни млади жени (кои се најпроминентните членови на оваа демографија) кои зборуваат за храна и се фотографирани додека грицкаат јагоди... нивната приказна обично дека се разболеле и дека се излечиле преку диета."
Фримен забележува и дека почнала контра-реакцијата кон ваквата состојба, "нов жанр на новинарство кој се крена да се спротивстави на растечкиот тренд," кој работи на статии што ги "разголуваат шарлатанските псевдонаучни блогери." Таа ги споменува Бел Гибсон, блогерката за чисто јадење која успеала да излечи непостоечки рак, и Вани "Фуд Бејб" Хари со измислените тврдења за најразлични адитиви за храна. Во друга колумна Фримен дискутира и за др. Оз: "фотогенични мажи и фотогенични луѓе со медицинска експертиза влегоа во псевдонауката, и е подеднакво забавно да се гледа нивниот пад."
Како врвен доказ за тоа дека лајфстајл новинарството повеќе нема трпение за псевдонауката, Боуви го наведува неодамнешниот есеј објавен во Космополитен ("од сите можни места") напишан од жена која се откажала од змиско масло и се вратила на "западна медицина која два пати до сега и го спасила животот." На листата Фримен го наведува и блогот Into the Gloss кој е еден од најпознатите "промотори на преубаво спакувана прво-класна псевдонаука," и Гвинет Палтроу која "неодамна направи пуза од промовирање детоксификации за да ја крене свесноста околу недостапноста на храна за сиромашните семејства во САД, нешто што, за разлика од аморфните 'токсини' е вистински проблем."
"На што се должи вртењето кон разумот? Научните докази против шарлатанските теории сепак не е се нешто ново. Се сомневам дека има две поврзани причини за падот на псевдонауката: раст во свесноста, и пад во помодарството (во однос на темава).
Како што псевдонауката стануваше попопуларна, заканата што таа некогаш ја преставуваше - не само за себе си, туку и за општеството - стана се појасна. Појавата на сипаници предизвика вистински, оправдан страв, терајќи ги инаку аполитичките родители да се кренат против противниците на вакцинирањето и славни личности, како Џени МекКарти, кои ги инспирираат нив. Во меѓувреме, измамници кои веќе се откриени предизвикаа разочарување," објаснува Бови.
Нејзината процена е дека прво ќе падне нутриционистичката псевдонаука посебно опасесивноста со чистотата на состојките и претворање на секој оброк во "истражување на секоја состојка во него." Во оваа група спаѓа и движењето против глутен, една од најнепотребните фиксации во последно време.
"Целото ова внимание на псевдонауката, како комерцијално така и новинарски, може да има поинаков одбивен ефект: веќе стана премногу популарно за да биде кул...
... Посветените шарлатани нема да се предадат, ама во моментот кога псевдонауката ќе престане да биде статус за нешто револуционерно, таа ја губи својата привлечност меѓу елитите - истите оние чиј културолошки и финансиски статус доведоа до нејзина популарност.
Двете причини за падот на псевдонауката - променливите животни трендови и растот на научното резонирање - не се меѓусебно исклучиви...
... Како што Америка ќе сфати дека повеќе не е неопходно да се жртвува шикот со цел да се прифати разумот, псевдонауката ќе почне да губи уште повеќе фанови. Сите ние ќе имаме корист од ова - освен, можеби, оние кои заработуваат за живот од продажба на зелен џус," пишува Бови.