Додека количината на антибиотици продадени како терапија за луѓе е генерално стабилна во изминатите десетина година (3.493 тони лекови), кај добитокот таа е порасната од 9.800 тони во 2001. на 13.150 тони во 2011-та.
Во истражувањето на Пју, било евидентирано дека во производството на месо во САД во 2011-та пораснало за 0,2% во споредба со претходната година, додека консумацијата на антибиотици во истиот период пораснала за 2%.
Главниот проблем заради кој расте консумацијата е што пренатрупаните животни секојдневно ги "клукаат" со антибиотици. Заради ова, болестите и бактериите со тек на време стануваат отпорни на лековите, па на животните мора да им се дава поголема и посилна доза.
Во извештајот, Пју наведуваат неколку статистики:
- од салмонелата најдена во меленото месо од мисирка, околу 78% била отпорна на најмалку еден антибиотик а половина од бактериите биле отпорни на три или повеќе.
- речиси три четвртини од салмонелата откриена во пилешкиот стек во супермаркетите била отпорна на најмалку еден антибиотик. Околу 12% од пилешките гради и меленото месо од мисирка во американските супермаркети било загадено со Салмонела.