Во британските училишта аналогните часовници со сказалки ќе бидат заменети со дигитални кои на учениците им се полесни за „толкување“’.
Наставничкиот кадар сфатил дека сè повеќе деца имаат проблем да гледаат на старите саати и дека им треба напор за да сфатат до каде е часот и уште колку има. А треба да бидат опуштени и релаксирани, особено за време на тестовите и писмените, и да не трошат време на мозгање која стрелка каде е и што тоа значеше.
По мрежите се разви дебата на темава со секакви ставови. Некои мислат дека на малите треба да им се олесни, некои дека треба некако да се мотивираат да научат да гледаат на старите часовници а некои потсетуваат дека е малку блесаво да решаваат тестови а да не минале базична лекција како што е гледање на саат.
И патем се прашуваат што ќе се замени кога учениците ќе почнат да не ги разбираат и прашањата на тестовите.