Разбивање на вечната летна измама

Сето ова време, цела хотелска индустрија (и слична фела) да не лажела дека постои хемикалија што ја претвора водата во базените во друга боја кога ќе мочаш во нејзе. Е па, не постои.

Како тоа не постои?

Вака:

„Најголемиот дел од базените се по 90.000 литри или повеќе, па да направиш 30-40 милилитри урина да се обои и да се познае ти треба сериозна хемија.

Има евтини тестови за детектирање урина, ама пот, детергенти и лосиони за сончање исто така би ги активирале. А кога реакцијата ќе заврши, после не ни знам што би требало да направиш за да го средиш базенот и да го вратиш во стабилна состојба.“

На сето ова треба да се има предвид дека нуспроизводите од дезинфекција на базенот, ДБП се далеку поштетни отколку што хлорот и урината би биле сами по себе, и можат да доведат до респираторни проблеми, проблеми со очите и астма.

„Додавање други слични хемикалии тогаш е малку веројатно дека ќе ги подобри работите. Иако технологијата за дезинфекција на базени напредува и има решенија за сопствениците на базени кои се загрижени околу ДБП, состојка која ќе ја менува бојата на водата за да ги спречи луѓето да мочаат не е ни на повидок,“ пишува Мајк Рамптон во истрагата за Мел Магазин.

Последната порака е главно смирувачка е се сведува на големината и опремата на базенот.

„Мочање во базен не е баш најдобро за хемијата на водата. Сепак, просечниот базен има чистење и одлично филтрирање во кое секоја капка е филтрирана и циркулира по неколку пати на ден.

На долг рок, каква боја и да додадеш веројатно ќе биде поскапо и полошо за тебе и за опремата на базенот, отколку тоа што некое дете од време на време ќе ти се измоча,“ објаснува човек со долгогодишно искуство во бизнисот со базени, опрема и средства за орджување и чистење базени.

П.С. Не значи дека летово треба да го тестирате ова.

 

14 август 2019 - 13:40